Watch FIFA World Cup 2026™

LIVE, FREE and EXCLUSIVE

Престон Македонија шампион во првата државна лига на Викторија

Preston Lions FC

Preston Lions FC State League Champions 2019 Source: SBS

Успешната сезона во 2019 година фудбалерите на Престон Македонија ја заокружија со победата во финалето против ФК Нонавадинг со што станаа шампиони во првата државна лига на Викторија. Лавовите во новата сезона ќе играат во третата Премиер лига на Викторија. Лалор Слога јунајтед без седумнина стандардни првотимци загуби во финалето за севкупен победник во третата лига. Сиднеј Македонија не успеа да се пласира во финалето во третата премиер лига на Нов Јужен Велс.


Published

By Vase Kocev

Source: SBS


Share this with family and friends


Успешната сезона во 2019 година фудбалерите на Престон Македонија ја заокружија со победата во финалето против ФК Нонавадинг со што станаа шампиони во првата државна лига на Викторија. Лавовите во новата сезона ќе играат во третата Премиер лига на Викторија. Лалор Слога јунајтед без седумнина стандардни првотимци загуби во финалето за севкупен победник во третата лига. Сиднеј Македонија не успеа да се пласира во финалето во третата премиер лига на Нов Јужен Велс.


После десетина години конечно успешна сезона и за фудбалерите на Престон Македонија. Освоеното прво место во првата државна лига на Викторија им донесе промоција во новоформираната трета премиер лига.

Успехот го надополнија и со победата во финалниот напревар за севкупен победник во првата државна лига откако го совладаа Нонавадинг со 2:0.

Preston Lions FC
Preston Lions FC Source: SBS

По натпреварот шампионскиот пехар го подигна Аце Петровски.

" Задоволни сме од победата но и воопшто од целокупната сезона која беше успешна за нас. Конечно обезбедивме промоција во една лига погоре. Голема благодарност и до навивачите за огромната подршка во текот на сезоната".

Ace Petrovski
Капитенот Аце Петровски го прима победничкиот пехар. Source: SBS

Тренерот Љупче Ацевски исто така не го криеше задоволството по постигнатиот успех сезонава. Упати искрена благодарност до фудбалерите, управата на клубот и верните навивачи.

"Сега паузата ќе ја искористиме за разговри со постојните но и со нови квалитетни фудбалски имиња за да направиме силен и квалитетен тим за наредната сезона" вели Ацевски .

Lupce Acevski
Лупче Ацевски тренер на Престон Македонија во средина со своите помошници Капони и Груевски Source: SBS

Фудбалерите на Престон како и на секој натпревар така и на последниот финален натпревар ја имаа подршката од навивачите.

Supporters Preston Lions FC
Source: SBS

Фудбалерите на Лалор Слога јунајтед загубија во финалниот натпревар за севкупен победник во третата државна лига на Викторија од ФК. Колингвуд со 3:2. Но и покрај тоа Слога догодина ќе игра во втората државна лига што секако е голем успех за клубот.

Lalor Sloga United
Лалор Слога Јунатед шапиони во третата лига за 2019 Source: SBS

Тренерот на Лалор Слога, Тони Стерјовски по натпреварот причината за поразот од Колингвуд ја виде и во тоа што во составот му недостасуваа дури седумина стандардни играчи.

"Бевме хендикипирани што моравме да настапиме без половина играчи од првиот состав но и покрај тоа оставивме добар впечаток на теренот. Имавмне успешна сезона и целиот успех оди на плеќите на фудбалерите".

Toni Sterjovski
Тони Стерјовски десно со најдобриот стрелец во сезоната Климе Димитревски. Source: SBS

Екипата на Сиднеј Македонија не успеа да се пласира во финалето во третата премиер лига на Нов Јужен Велс. Во полуфиналниот натпревар загубија од ФК Рајдерс .

Капитенот на Сиднеј Македонија Никола Тодоровски е најдобар стрелец во лигата.

Nikola Todorovski
Никола Тодоровски, Сиднеј Македонија прв стрелец третата премеиер лига на НЈВ. Source: Supplied


Latest podcast episodes

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Watch now