За младиот и надежен фудбалер на Мелбурн Сити, Стефан Чолаковски, сезоната во А-лигата заврши само како што може да посака.
Со својот клуб стигна до првата шампионска титула во историјата на клубот откако во финалето го совладаа ФК. Сиднеј.
Клучна улога во остварувањето на овој успех одигра и младиот Чолаковски со добрите игри во полуфиналето и финалето.
"Поради отсуство на неколку искусни играчи тренерот Киснорбо мораше да се потпре на неколку млади играчи меѓу кои бев и јас и ја оправдавме неговата доверба" вели Чолаковски и додава
"Со тоа ми се оствари сонот со клубот за кој навивам уште од дете да станам шампион на Австралија".

Името на Стефан Чолаковски се поврзува и со македонската фудбалска репрезентација а самиот тој вели дека со внимание ги гледал натпреварите на Македонија на Европското првенство.
"Добро е да се види Македонија како мала земја на едно големо натпреварување. Добро одиграа а од фудбалерите посебен впечаток ми оставија Горан Пандев и младиот Елиф Елмас" вели Чолаковски и додава "Жалам што поради ситуацијата со КОВИД-19 не заиграв за младата репрезентација но доколку добијам повик и за сениорската репрезентација имам желба да ги бранам боите на Македонија".

Новата надеж на Мелбурн Сити 21-годишниот Стефан Чолаковски вели дека е горд на постигнатиот успех и се заблагодарува за подршката од неговите родители но посебно на македонската заедница во Австралија.
"Сакам да им упатам благодарност на сите од македонската заедница, секако и јас сум дел од неа и многу сум горд на тоа што ме бодрат од трибините и многу ми значи нивната подршка"



