Општо познато е дека Македонците без разлика на кој меридијан се наоѓаат брзо се прилагодуваат но им дават и посебен белег на општествата во кои се интергираат. Душица тоа го потврдува.
Решена да успее, го прифаќа предизвикот повторно да студира и да се докаже повторно со својата стручност и посветеност кон пациентите во новата татковина.
"Најпрвин почнав со усовршување на англискиот јазик бидејќи ми беше потребно што подобро да го знам за да се вклопам во образовниот систем на Австралија" вели Душица.

Во последните пет години таа успева да се стекне со сертификат 3 и 4 за нега на стари лица, диплома за работа во заедницата за да најпосле се стекне и со диплома за медицинска сестра.
Постигнатите резултати во текот на студирањето и донесоа две вредни награди на Душица. Првин е прогласена за најдобар студент на North Metro Tafe и прогласена за амбасадор на оваа образовна институција.
Втората награда ја прими како најдобар меѓународен студент во Западна Австралија за 2019 година.
" Горда сум како Македонка што ги добив овие награди кои мене лично ми значат многу но мислам дека со тоа на најдобар можен начин ја претставувам и македонската заедница во Австралија. Сега ќе имам можност да ја претставувам и промовирам Западна Австралија како место за образование на идните студенти од странство и да им помагам на секаков можен начин" - вели Душица

Во 2016 година Душица се вработува во Brightwater Oats Street Rehabilitation Centre и работи со лица со хендикеп и инвалидитет. По завршувањето на студиите ја вработуваат и како медицнска сестра. За својата работа Душица вели.
" Работата во оваа институција една од ретките од таков вид во Австралија ми даде можност да работам со луѓе чии животи се променети по нивните несреќи и повреди. Работата ја работам со страст и кога знам дека некому сум му помогнала да се врати во нормалниот живот едноставно со мир во душата си заминувам дома".
Стекнатото образование во Македонија и работното искуство што го стекнала таму Душица вели дека многу и помогнало овде во Австралија. Правејќи споредба меѓу двата здравстевни системи вели дека во Австралија е полесно да се работи како медицинска сестра.

Зборувајќи за своите идни планови Душица вели
" Моите планови се да останам во Австралија и пред се да го решам постојаниот престој а потоа се разбира да го продолжам моето образование и постојано да се докажувам пред моите пациенти".
Целиот разговор со Душица Попоски можете да го слушнете во аудио записот.




