На референдумот во дипломатско-конзуларните претставништва, можат да гласаат само државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, а кои доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од избирачкиот список. Сите останати државјани на Република Македонија кои имаат избирачко право, а кои не поднеле пријава за гласање во дипломатското-конзуларно претставништво, ќе бидат запишани во изводи од избирачкиот список за гласање во Република Македонија, согласно нивното пријавено последно живеалиште во Република Македонија.
Гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва ќе се одржи на ден 29 септември 2018 (Сабота) во период од 07-19 часот, по локално време.
- Пополнување на пријава за регистрација:




