По ненадејното заминување на Крис Дејвис од Престон Македонија на само десетина дена пред почетокот на првенството, управата на клубот не седеше со скрстени раце. Како ново засилување во своите редови го ангажира напаѓачот Глен Габриел кој доаѓа од Германија.
Новиот играч на Престон Македонија Глен Габриел го претстави тренерот Лупче Ацевски на свечената гала вечера на која беа претставени сите фудбалери кои ќе ги бранат боите на клубот во претстојните првенствени натпревари.
Ацевски рече дека се работи за искусен профисионалец и врвен голгетер.
Видео од претставувањето на Глен Габриел:
Share





