Македонскиот јазик се изучува и во Нов Зеланд

menka Loskoska-Postolov

Наставничката Менка Лошкоска - Постолов со учениците на час по макеоднски јазик во Оукланд, Нов Зеланд. Source: Supplied

Часовите веќе седма година по ред доброволно ги држи наставничката по македонски јазик Менка Лошкоска - Постолов. Со само шест ученици на почетокот во моментов наставата ја посетуваат триесетина ученици, бројка која во наредните години се очекува да се зголеми.


Еднаш наставник засекогаш наставник.

Таков е примерот со Менка Лошкоска - Постолов наставничка по македонски јазик.

По преселбата во Нов Зеланд и таму продолжува да работи како наставник по македонски јазик, учејќи ги најмладите македончиња да не го заборават мајчиниот јазик.

" Главна цел со часовите по македонски јазик ми е децата да се дружат меѓусебе но воедно да го учат и да не го заборават мајчиниот јазик" - вели Менка.

Macedonian students New Zealand
Source: Supplied

Со само шест ученици кога започнува да работи пред неколку години, во моментов наставата ја посетуваат триесетина ученици. Тие се поделени во неколку групи во зависност од возраста и познавањето на македонскиот јазик.

Во работата на Менка која патем е на доброволна основа и помагаат и родителите на дел од учениците.

За своите ученици вели:

" Децата се одлични ученици и сите сакаат да доаѓаат на часовите. Навистина сум пријатно изненадена колку брзо учат и можам слободно да кажам дека со возбуденост и љубов доаѓаат на часовите по македонски јазик".

Macedonian students New Zealand
Source: Supplied

За потербите на наставата Менка Лошкоска отстапува и дел од својата лична библиотека со цел да помогне со потребните книги и неопходни основни материјали за нормално одвивање на наставата. Во тоа помагаат и родителите но и со посебно задоволство истакнува дека ја добиле и првата донација од стотина книги од невладината организација од Македонија " Нов Контакт ".

Macedonian students New Zealand
Source: Supplied

Во наредниот период се очкува зголемување на бројот на ученици кои ќе го изучуваат македонскиот јазик во Нов Зеланд, каде македонската заедница е сконцентрирана во најголемиот град Оукланд вели наставничката Менка и додава:

"Расположени сме за соработка со секого и би биле благодарни како заедница на секој кој ќе ја понуди или донира книги и материјали во нашето училиште која ќе ни овозможи поквалитетна настава. Со оглед на тоа дека бројот на зченици постојано се зголемува ќе се обидеме и да добиеме некаква помош и од државата Нов Зеланд".

Macedonian students New Zealand
Source: Supplied

Share

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Watch now