На Присутните гости и локални поети од Мелбурн срдечно добредојде им посака претседателката на ЛД " Кочо Рацин " од Мелбурн Гордана Димовска. Таа воедно зборуваше и за значајноста на Светите Кирил и Методиј.
На саемот беше промовирана книгата " Љубов и Завет низ виорите " од авторите Гордана Димовска и Bанѓелко Лозановски. Книгата ја претстави Весна Дамчевска а извадок од неа прочита Снежана Џамбазовска Попорданоска.

На саемот на книгата исто така беше претставена и новата книга раскази на Љубица Поповска " Патека на детството и песни од мојата младост ".

Книгата ја претстави Дона Димовска Кантаровска. Еве дел од промоцијата во видеото.
Присутните на саемот со поздрави писма ги поздравија и Македонскиот писател Ванѓелко Лозановски како и од ЛД " Ванчо Николески " од Квинбијан.
Исто така беа прочитани и неколку поеми од познати македонски поети.
Љубица Поповска и Крсте Наумовски - Мечкар се годинашни добитници на нагрдата по распишаниот конкурс на ЛД " Григор Прличев " од Сиднеј.
Крсте Наумовски - Мечкар ја прочита својата поема " Не дај Боже ".
Саемот на книгата беше збогатен и со настапот на женскиот хор " Утеха " кој исполни неколку хорски песни меѓу кои и химната на Р. Македонија. Од забавниот дел беа и групата Извор и Џесика Стојчевска.





