Илјадници Австралијци кои живеат со карцином на белите дробови, леукемија и висок холестерол, ќе имаат корист од новата листа на лекарства во Шемата за Фармацевтски Бенефиции. За некои пациенти со карцином на белите дробови, тоа ќе значи дека третманите што ги чинат десетици илјади долари, сега ќе бидат драматично намалени. Од 1 Oктомври лековите Теcentriq i Avastin сега ќе бидат субвенционирани, ke чинат 40 долари по скрипта, или $6,50 долари за лица со концесиски картички.
Share





