Австралиецот со македонско потекло, Александар "Велики" Волкановски ја одбрани титулата на првиот УФЦ настап на островот Јас во Абу Даби, победувајќи го Макс Халовеј со одлука на судиите.
Во ри-мечот со истиот ривал, што го совлада кога стана светски првак во декември минатата година, двајца од судиите гласаа за Волкановски со 48:47, а еден му даде идентична предност на Халовеј.
За 31-годишниот Александар Волкановски кој живее во Шелхарбур, во Нов Јужен Велс, ова е 19-та победа по ред. Досега во кариерата, во Шампионатот на УФЦ "Ултимејт фајт", од 23 борби извојува 22 победи.
