KОВИД-19: Хронични болести што можат да го направат коронавирусот потежок

Asthma medication

Asthma medication Source: Getty ImagesRgStudio

Широк спектар на луѓе со претходни хронични здравствени проблеми се изложени на поголем ризик доколку се заразени со КОВИД-19. Тука се вклучени и оние со срцеви заболувања, дијабетес, висок крвен притисок и астма. Вирусот го напаѓа ткивото на белите дробови и го зголемува внатрешното воспаление, како резултат на начинот на кој вирусот прекумерно дејствува на имунолошкиот систем.

На глобално ниво, повеќе од 70% од пациентите со КОВИД-19 на кои им била потребна интензивна нега имале веќе хронични  здравствени проблеми.

Во овој пишан прилог има детали за некои од најпознатите хронични болести за тоа како можат да влијаат на КОВИД-19, бидејќи тие вклучуваат одредено ниво на слабост на мекото ткиво на органите или го изложува на ризик имунолошкиот систем.

Меѓу најопасните хронични болести за заболените од КОВИД-19 се: хронични заболувања на белите дробови, астма, срцеви заболувања, дијабетес, состојби на црниот дроб и бубрезите и сите третмани и лекови кои го ослабуваат имунолошкиот систем, како што се рак или пост-трансплантациони третмани.

Астма

Астмата е предизвикана од преосетливост и воспаление на дишните патишта, со симптоми како кашлица, отежнато дишење, стегање на градите и губење здив. Во моментов се проценува дека влијае на околу 11% од луѓето ширум Австралија. Домородните Австралијци имаат повеќе астма отколку недомородните Австралијци. „Напад“ на астма може да се активира од се што ги надразнува дишните патишта. Луѓето кои страдаат од астма треба да преземат дополнителни мерки на претпазливост бидејќи КОВИД-19 исто така ги напаѓа и дишните патишта.

Повеќе информации за астма (на англиски jaзик) овде

Други болести на белите дробови

Најзастапени болести на белите дробови покрај Астма во Австралија се: asbestosis, bronchiectasis, cystic fibrosis, emphysema, lung cancer, pleural effusion, pleurisy, respiratory silicosis and tuberculosis.

Повеќе информации за болеститe на белите дробови (на англиски јазик) овде


Болест на срцето

Глобалното истражување покажува дека луѓето со кардиоваскуларни заболувања се изложени на поголем ризик да починат од КОВИД-19 за разлика од другата популација, не затоа што тие се изложени на зголемен ризик од заразување, туку затоа што имаат зголемен ризик од посериозни заболувања. КОВИД-19 предизвикува акутно воспаление на срцевиот мускул што доведува до повреда на срцето и побрзо до срцев удар.

Здравиот начин на живот е од витално значење: правење вежби, држење урамнотежена диета, внесување доволно количества течности и соодветно спиење. Светската здравствена организација препорачува 150 минути со умерен интензитет или 75 минути физичка активност со силен интензитет неделно, или комбинација на двете, со овие вежби препорачани за домашни услови.

Повеќе информации за кардиоваскуларните заболувања (на англиски јазик) овде

Дијабетес

Луѓето со дијабетес можат да се соочат со дополнителни здравствени предизвици. Diabetes Australia препорачува да се прими вакцина против грип, да се воспостави план за користење на денови за боледување и контролирање на нивото на гликоза во крвта. Луѓето со дијабетес се изложени на поголем ризик од сериозни компликации од грипот и имаат поголема веројатност да развијат сериозни заболувања на дишните органи отколку луѓето без дијабетес. Дијабетесот предизвикува нарушување на имунолошка вирусна инфекција и потенцијална бактериска секундарна инфекција во белите дробови. Многу пациенти со дијабетес тип 2 се дебели, а дебелината е исто така ризичен фактор за тешка инфекција.

Повеќе информации за дијабетес и КОВИД-19 (на англиски јазик) овде

Болести на црниот дроб

Луѓето кои живеат со хепатитис Б или Ц, или која било друга состојба на црниот дроб, треба да ги користат истите заштитни мерки препорачани за општата популација. Бидете претпазливи и следете ги препорачаните мерки за да се заштитите од КОВИД-19. На лицата со значителна болест на црниот дроб им се препорачува да примаат вакцинации против грип и пневмонија.

  • Повеќе информации за хепатитис и КОВИД-19 (на англиски јазик) овде
  • Повеќе информации за КОВИД-19 и хроничен хепатитис Б овде
  • Повеќе информации за КОВИД-19 и хроничен хепатитис Ц овде
Болест на бубрезите

Луѓето со бубрежни заболувања треба да бидат свесни дека, исто како и со грипот, изложени се на поголем ризик од сериозни симптоми и компликации од коронавирус. КОВИД-19 може да влијае на функцијата на бубрезите ако пациентот не се чуствува добро, ако е дехидриран или има секундарна инфекција.

Повеќе информации за КОВИД-19 и заболувања на бубрезите (на англиски јазик ) овде

 Здравствен план на Австралија за болести на бубрезите (на англиски јазик) овде

Третман на рак

Кога се соочувате со рак, имунолошкиот систем на луѓето има тенденција да биде послаб и треба да се продолжи да се следат сите специфични совети или мерки на претпазливост препорачани од нивните лекари за здравствена заштита за да се минимизира опасноста од инфекција, за време и по третманот. Клучно е да се остане дома што е можно повеќе и да се избегне несуштинско патување и јавен превоз. Имунолошкиот систем на пациентите е во слична состојба и во третманот после трансплантација.

Повеќе информации за поддршка од рак (на англиски јазик) овде

 


 

Луѓето во Австралија мора да останат најмалку 1,5 метри од другите. Проверете ги ограничувањата во вашата држава за собирање.

Тестирањето за коронавирус сега е достапно низ цела Австралија. Доколку имате симптоми на настинка или грип, закажете тестирање преку телефон со вашиот лекар или јавете се на телефонската линија за здравствени информации за коронавирус на 1800 020 080.

Апликацијата за следење на коронавирусот на Сојузната влада COVIDSafe е достапна за преземање од апликацијата на вашиот телефон.

СБС е посветен на информирање на различните заедници во Австралија за најновите случувања на КОВИД-19. Вести и информации се достапни на 63 јазици на www.sbs.com.au/coronavirus


Share

Published

Updated

By SBS Radio
Source: SBS

Share this with family and friends


Follow SBS Macedonian

Download our apps
SBS Audio
SBS On Demand

Listen to our podcasts
Independent news and stories connecting you to life in Australia and Macedonian-speaking Australians.
Ease into the English language and Australian culture. We make learning English convenient, fun and practical.
Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS
Macedonian News

Macedonian News

Watch it onDemand