- Во Нов Јужен Велс, 67 проценти од жителите примиле прва доза од вакцината против КОВИД-19
- Викторија има над 1.000 места за изложеност на КОВИД-19
- Територијата на главниот град на Австралија го продолжува заклучувањето до 17 септември
- Јужна Австралија го укинува ограничувањето за патниците од Северната територија и од Квинсленд
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 1.164 нови локално стекнати случаи, од кои 796 во западниот и југозападниот дел на Сиднеј. Три лица починаа од вирусот.
Главната здравствена службеничка Др. Кери Чант, ги повикува жителите на Гилдфорд, Мерилендс, Обурн, Гринакрер, Банкстеун и Блектаун да се тестираат.
Министерот за здравство Бред Хазард, ги советува сите над 18 години да ја примат вакцината “АстраЗенека”, бидејќи нема доволно вакцини “Фајзер”.
Во понеделникот беше објавено дека маж од абориџинско потекло во Даббо, е првиот човек што починал од КОВИД-19, во тековната појава, во западниот дел на Нов Јужен Велс.
Кликнете тука за да резервирате денеска, вакцинација против КОВИД-19.
Викторија
Викторија забележа 76 нови, локално-стекнати случаи, од кои 31 се уште не се поврзани со постоечките епидемии.
Премиерот Ендрјус, кој утре ќе објави план за ублажување на ограничувањата, вели дека „вистинската вакцина е онаа што може да ја добиете“, посочувајќи дека има достапни многу вакцини од типот “АстраЗенека”.
Сега има над 1.000 локации на листата на места за изложеност, вклучувајќи неколку станбени згради во Мелбурн.
Најдете тука центар за вакцинација во Ваша близина.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 13 нови, локално-стекнати случаи, од кои најмалку осум во заедницата додека биле заразени.
Новата клиника за масовна вакцинација против КОВИД-19 во Канбера, ќе биде отворена во петок, 3 септември, во Australian Institute of Sport Arena. Заклучувањето е продолжено до 17 септември, со нови ограничувања од четврток, во 17 часот.
Проверете го тука Вашето право на вакцинација против КОВИД-19.
Последните 24 часа низ Австралија
Јужна Австралија ги укинува сите ограничувања за луѓето што патуваат од Југоисточен Квинсленд и од Кетрин, во Северната територија.

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
