Денеска, петок, Австралија пријави најмалку 31 смртен случај од КОВИД-19, вклучувајќи 12 во Викторија, девет во Нов Јужен Велс и шест во Квинсленд. Исто така, Западна Австралија објави два дополнително утврдени, претходни смртни случаи од Ковид.
Податоците покажуваат дека во Австралија од КОВИД-19 починале 9.897 луѓе, од почетокот на пандемијата во јануари 2020 година до сега. Се очекува бројката да ја надмине границата од 10.000 во текот на викендот.
Г-дин Батлер предупреди на нов бран, бидејќи бројот на нови инфекции, хоспитализации и приеми во Одделите за интензивна нега се зголеми во источна Австралија.
Федералната влада од денеска ја прекинува шемата за исплата на пандемиско отсуство при катастрофи. Владата плати повеќе од 1,89 милијарди долари на луѓето низ целата земја, откако во август 2020 година беше воведена шемата.
Од денеска, петок, Северната Територија ги затвора своите центри за вакцинација КОВИД-19 поради високите стапки на вакцинација. Сепак, вакцините сè уште се достапни во аптеките, здравствените клиники за Абориџините и преку општите лекари.
Тасманија денеска во 12:01 часот ја заврши својата декларација за вонредна состојба во јавното здравје. Сепак, маските за лице сè уште се задолжителни во јавните болници.
Во четвртокот, Австралиската престолнина територија ја заврши својата програма за вакцинација против т.н КОВИД-19 Equity to Access COVID-19 vaccination program, која нудеше вакцинација во домот на ранливите луѓе.
Некои држави и територии одлучија од 1 јули да престанат да ги споделуваат на социјалните мрежи своите дневни бројки за КОВИД-19.
Во своето последно неделно ажурирање, NSW Health објави седум проценти зголемување на PCR тестирањето во текот на претходната недела. Од 104 смртни случаи од КОВИД-19, само 72 (69%) луѓе ја примиле третата доза.
Процентот на примероци кои се поврзани со поттиповите BA.4 или BA.5, се зголеми од 32 проценти на 35 проценти во Нов Јужен Велс.
Жителите на Квинсленд сега можат да ги добијат своите бесплатни вакцини против грип до 17 јули.
Прочитајте за вакцините против КОВИД-19 на македонски јазик
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19
Австралиската главна територија Нов Јужен Велс Северна Територија Квинсленд
Јужна Австралија Тасманија Викторија Западна Австралија
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде
Австралиската главна територија Нов Јужен Велс Северна Територија Квинсленд
Јужна Австралија Тасманија Викторија Западна Австралија
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Дознајте што можете, а што не можете да правите насекаде во Австралија
Пред да тргнете во странство, проверете ги најновите барања и совети за патување
Ако ви треба финансиска помош, проверете кои се вашите опции
Еве помош за разбирање на стручните зборови поврзани со КОВИД-19 на македонски јазик
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Прочитајте ги сите информации за КОВИД-19 на македонски јазик на порталот SBS Coronavirus
