- Премиерот Скот Морисон најави дека засилувачките дози за ревакцинација ќе бидат достапни од 8 ноември.
- Пред повторното отворање, Викторија бележи најголем дневен број смртни случаи во тековната епидемија
- Квинсленд отпушти повеќе од 150 полицајци поради задолжителна вакцинација
Викторија
Викторија забележа најголем дневен број смртни случаи од КОВИД, евидентирајќи 25 смртни случаи и 1.923 нови случаи на коронавирус.
Ова доаѓа во време кога државата утре треба повторно да се отвори.
Премиерот Скот Морисон изрази длабоко сочувство до семејствата на починатите и рече: „Тоа е отрезнувачки потсетник за ужасната реалност на оваа пандемија“.
Victoria Health вели дека оние кои тврдат дека се изземени од вакцинација против КОВИД-19 сега ќе мора да ја приложат копијата од Австралискиот регистар за имунизација како доказ.
Кликнете тука за да го резервирате Вашиот термин за вакцина.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс забележа 293 нови локално стекнати и два смртни случаи.
Има 15 потврдени случаи на КОВИД-19 поврзани со Градската теретана во Дарлингхарст.
Луѓето кои ја користеле теретана во одредени периоди помеѓу 18 и 23 октомври или на 25 октомври се сметаат за случајни контакти и мора веднаш да се тестираат и да се изолираат додека не добијат негативен резултат.
Министерот за услуга на клиенти, Виктор Доминело, рече дека од петок, луѓето ќе добиваат известување преку апликацијата Service NSW доколку посетиле локација за изложеност.
Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.
Квинсленд
Речиси 150 полицајци од Квинсленд остануваат суспендирани, поради неуспехот да се вакцинираат до крајниот рок на 4 октомври.
Квинсленд денеска не регистрираше нови случаи.
Кликнете тука за денеска да го резервирате Вашиот термин за вакцина.
Последните 24 часа низ Австралија
- Вакцините на “Фајзер” ќе бидат достапни во сите аптеки низ Австралија за примарни, секундарни или засилени дози од 8 ноември.
- Територијата на главниот град на Австралија регистрираше осум нови случаи на коронавирус.
- Премиерот Скот Морисон вели дека три четвртини од Австралијците сега се целосно вакцинирани.
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
