Во вторникот, Австралија забележа најмалку 27 смртни случаи од КОВИД-19, вклучувајќи 12 во Викторија, осум во Нов Јужен Велс и пет во Јужна Австралија. Западна Австралија објави два смртни случаи.
Во споредба со претходниот ден, во повеќето држави низ Австралија, има пораст на бројот нови пријавени дневни случаи на КОВИД-19, како и на хоспитализирани.
Викторија пријави највисоки дневни случаи во вторник, каде бројот се зголеми од 7.557 во понеделникот на 9.181 денеска. Квинсленд објави пораст од 2.548 на 4.288 нови случаи.
Проверете ги овде најновите трендови за нови случаи, хоспитализации и смртни случаи поврзани со КОВИД-19 во Австралија.
Од вчера, Австралиската главна територија ги направи бесплатни, вакцините против грип во Access and Sensory Vaccination Clinic (Клиника за пристап и сензорна вакцинација), за носителите на концесиски картички. Резервации во Клиниката за пристап и сензорна вакцинација во Вестон, за имателите на картички за концесија и нивните деца, може да се направат со телефонирање на 02 5124 3999 од 08:00 до 17:00, од понеделник до петок.
Од 8 јуни 2022 година, жителите на Канбера на возраст од над пет години, ќе можат да ја добијат вакцината против грип преку фармацевтите во аптеките. Во моментов фармацевтите можат да администрираат вакцини само на оние на возраст од над 10 години.
Сите жители на возраст над 6 месеци во Нов Јужен Велс, Викторија, Квинсленд, Западна Австралија, Јужна Австралија и Тасманија имаат право на бесплатни вакцини против грип во текот на јуни.
Прочитајте за вакцините против КОВИД-19 на македонски јазик
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19
Австралиската главна територија Нов Јужен Велс Северна Територија Квинсленд
Јужна Австралија Тасманија Викторија Западна Австралија
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде
Австралиската главна територија Нов Јужен Велс Северна Територија Квинсленд
Јужна Австралија Тасманија Викторија Западна Австралија
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Дознајте што можете, а што не можете да правите насекаде во Австралија
Пред да тргнете во странство, проверете ги најновите барања и совети за патување
Ако ви треба финансиска помош, проверете кои се вашите опции
Еве помош за разбирање на стручните зборови поврзани со КОВИД-19 на македонски јазик
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Прочитајте ги сите информации за КОВИД-19 на македонски јазик на порталот SBS Coronavirus
