Најнови информации за КОВИД-19: Загриженост поради варијантата Омикрон на крстарење во пристаништето во Сиднеј

Ова се најновите информации за коронавирусот во Австралија, за 8 декември 2021 година.

Side view of Sydney Harbour bridge Opera House and city CBD at sunset.

面對加息大環境, 投資者應當如歌部署? Source: AAP

Здравствените власти се обидуваат да контактираат со околу 140 луѓе кои биле на крстарење со брод во пристаништето Сиднеј во петокот вечерта, откако биле дијагностицирани пет случаи на КОВИД-19. Постои загриженост дека двајца најверојатно ќе ја имаат многу заразната варијанта Омикрон.

Светската здравствена организација вели дека варијантата Омикрон не предизвикува потешка болест од претходните варијанти на КОВИД-19, но сепак е потребна претпазливост.

Највисокото тело за вакцинација во Австралија, ATAGI, се очекува да ја донесе својата одлука подоцна оваа недела, за конечното одобрување на вакцината “Фајзер” за деца на возраст од пет до 11 години. Се очекува, откако ќе се одобри, децата од оваа возрасна група да бидат вакцинирани пред да се вратат на училиште, во новата учебна година.

Advertisement
 Статистика за КОВИД:

  • Викторија регистрира 1.312 нови  и пет смртни случаи.
  • Нов Јужен Велс забележа 403 нови и еден смртен случај.
  • Квинсленд и Северната територија забележаа два , а Територијата на галвниот град на Австралија  осум случаи.
Карантин и ограничувања во секоја држава/територија:

Дознајте што можете, а што не можете да правите во Вашата држава или територија

Патувања

Информации за меѓународни патници и Ковид-19 и информации за патувања на повеќе јазици

Финансиска помош

 Има промени во плаќањето за катастрофи КОВИД-19, откако државите ќе достигнат 70 и 80 отсто целосно вакцинирани: Добијте помош за време на Ковид-19 од Services Australia на повеќе јазици




Share
Published 8 December 2021 at 2:28pm
Presented by Maja B.Talevska