· Уште еден голем пораст на бројот на КОВИД-19 случаи во Нов Јужен Велс
· Над 450 места за изложеност на КОВИД-19 во Мелбурн
· Во Квинсленд нема заразни коишто биле активни во заедницата
· Сега има вкупно седум активни случаи во Aвстралиската капитална територија
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 466 нови, локално стекнати случаи и четири смртни случаи. Најмалку 68 случаи биле во заедницата додека биле заразни.
Дополнителни 500 припадници на австралиските одбранбени сили, од понеделник, на 16 август, ќе и се приклучат на на полицијата на Нов Јужен Велс, во операцијата за обезбедување почитување на правилата, рече премиерката Гладис Береџиклијан, воведувајќи построги ограничувања.
Оние што ја напуштаат пошироката околина на Сиднеј, мора да аплицираат за дозвола. Ограничувањето од 10 километри е намалено на 5 километри, за сите жители на Голем Сиднеј.
Од понеделник 16 август, жителите во 12 области на локалната самоуправа, коишто се предмет на особена загриженост, ќе можат да излезат на отворено само за да вежбаат и да ги надгледуваат децата, при што нема да биде дозволена рекреација на отворено.
Луѓето кои живеат сами сега мора да го регистрираат својот „балон за самци“ на nsw.gov.au.
Казните за прекршување на наредбите за јавно здравје се зголемија на 5000 долари.
Најдете ја тука листата на клиники за вакцинација.
Викторија
Викторија има регистрирано 21 нов локално стекнат случај, од кои три не се поврзани со познати епидемии. Десет случаи беа во заедницата додека беа заразни.
Трговскиот центар Чедстон (Chadstone shopping centre) во Мелбурн, е прогласен за место за изложеност на КОВИД-19. Сега има повеќе од 450 места на изложеност во Мелбурн, вклучувајќи го и трговскиот центар Хајпоинт (Highpoint shopping centre) и неколку големи станбени блокови.
Најдете ја тука листата на центри за вакцинација.
Последните 24 часа низ Австралија
- Квинсленд регистрира шест нови локално стекнати случаи, сите поврзани со познати епидемии и ставени во карантин додека биле заразни.
- Aвстралиската капитална територија евидентира еден нов локално стекнат случај, со што вкупниот број на активни случаи се искачи на седум.
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
