- Фрагменти од вирусот откриени на средно-северниот брег во Нов Јужен Велс
- Ограничувањата се намалуваат во регионалната Викторија, со исклучок на Шепартон
- Територијата на главниот град на Австралија ги повикува учениците од 12 -та година да ги резервираат своите термини за вакцинација, по телефон
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 1.480 нови, локално-стекнати случаи, како и девет смртни случаи. Од деветмина починати, седуммина биле невакцинирани.
Фрагменти од вирусот се откриени во областа Бони Хилс, додека предградијата Глебе, Ватерло, Редферн и Мариквил, исто така имаат зголемен број случаи. NSW Health ги повикува жителите од овие области да се вакцинираат.
Премиерката Гладис Береџиклијан вели дека 75 проценти од жителите, веќе ја примиле првата доза од вакцината, додека 45 проценти се целосно вакцинирани.
Кликнете тука за денеска да резервирате термин за вакцинација.
Викторија
Викторија забележа 221 нови, локално-стекнати случаи, од кои 98 се поврзани со познати епидемии.
Од 9 септември, на полноќ, заклучувањето ќе заврши во регионалната Викторија, освен во Шепартон и пошироката околина, и петте причини за напуштање на домот повеќе нема да важат.
Има повеќе од 10.000 достапни термини за вакцинација со “АстраЗенека”, за следната недела.
Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата на главниот град на Австралија, регистрираше 20 нови, локално-стекнати случаи, со најмалку 11 во заедницата додека се заразени.
Се повикуваат студентите од 12-та година, да закажат приоритетен термин за вакцина, пред 17 септември, во клиниката за масовна вакцинација против КОВИД-19 AIS Arena, со јавување на линијата за резервации на 02 5124 7700.
Кликнете овде за да резервирате термин за вакцинација.
Последните 24 часа низ Австралија
Федералната влада објави пасоши за вакцини, за меѓународни патувања, од октомври, но без јасни индикации, кога ќе се отворат границите на Австралија.
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
