Денеска, петок, Австралија објави најмалку 35 смртни случаи од КОВИД-19, вклучувајќи 13 во Квинсленд, девет во Викторија и седум во Нов Јужен Велс.
Нов Јужен Велс, Викторија, Квинсленд, Тасманија и Австралиската главна територија, регистрираат најостар пораст на бројот на лица со КОВИД-19 примени во болниците.
Проверете ги овде најновите трендови за нови случаи, хоспитализации и смртни случаи поврзани со КОВИД-19 во Австралија.
Г-дин Батлер рече дека Австралија се придвижила „надвор од ерата на многу широки наредби за задолжителност на маски, заклучувања и слични работи“. Наместо тоа, тој побара од жителите да преземат одговорност, и да направат свој избор за нивна заштита, во врска со носењето маски за лице и држењето социјално растојание.
CISRO разви побрз метод за идентификување „нови и опасни“варијанти на КОВИД-19, со помош на алатка за машинско учење. Истражувачите веруваат дека можат подобро да предвидат како новата варијанта би можела да се однесува во човечкото тело.
Во својот неодамнешен извештај, Австралискиот институт за здравје и благосостојба - the Australian Institute of Health and Welfare (AIHW), забележа дека стапката на тешки болести за време на бранот Омикрон, кај домородните Австралијци, била 1,4 пати поголема во однос на целокупното австралиско население.
Владата на Викторија ќе обезбеди бесплатни 15 брзи антигенски тестови (RAT) за сите студенти и вработени, за да го ограничи ширењето на КОВИД-19. Учениците и персоналот во специјализираните училишта ќе добијат дополнителни 15 примероци од тестот.
Премиерот Даниел Ендрјус рече дека до 46,4 милиони тестови ќе обезбедат учење лице в лице, во училиштата.
Квинсленд ги охрабрува постарите жители и луѓето за загрозен имунитет, да носат маски за лице, до крајот на август.
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Прочитајте за вакцините против КОВИД-19 на македонски јазик
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19
Австралиската главна територија Нов Јужен Велс Северна Територија Квинсленд
Јужна Австралија Тасманија Викторија Западна Австралија
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде
Австралиската главна територија Нов Јужен Велс Северна Територија Квинсленд
Јужна Австралија Тасманија Викторија Западна Австралија
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Дознајте што можете, а што не можете да правите насекаде во Австралија
Пред да тргнете во странство, проверете ги најновите барања и совети за патување
Ако ви треба финансиска помош, проверете кои се вашите опции
Еве помош за разбирање на стручните зборови поврзани со КОВИД-19 на македонски јазик
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Прочитајте ги сите информации за КОВИД-19 на македонски јазик на порталот SBS Coronavirus
