Денеска, вторник, Австралија забележа најмалку 25 смртни случаи од КОВИД-19, вклучувајќи 15 во Викторија, шест во Квинсленд и три во Нов Јужен Велс. Исто така, Западна Австралија објави шест смртни случаи.
Бројот на луѓе со КОВИД-19, во болниците во Нов Јужен Велс, повторно се зголеми, откако на 2 јуни го достигна најниското ниво за последните два месеци. Во болниците има 1.341 лице, во споредба со 1.066 на 2 јуни.
Слично на тоа, бројот на приеми на Одделот за Интензивна нега, исто така се зголеми во државата од 2 јуни до сега.
Денеска и бројот на хоспитализирани во Австралиската главна територија, го достигна максимумот од 93. Тоа е и најголем број хоспитализации од почетокот на пандемијата.
Проверете ги овде најновите трендови за нови случаи, хоспитализации и смртни случаи поврзани со КОВИД-19 во Австралија.
Австралиската федерална полиција тврди дека парот од Западен Сиднеј бил дел од „организирана измамничка група“, која им ги нудела своите услуги преку социјалните мрежи, на луѓе кои сакале помош за да ги добијат своите исплати.
За да ги остварат полесно своите барања, некои луѓе им платиле до 1.000 долари и им дале документи за идентификација на лажните „агентите“. Истрагата на полицијата следеше по извештаите дека плаќањата одобрени за некои легитимни примачи биле пренасочени на други банкарски сметки без нивно знаење.
Јужна Австралија спроведува пилот програма за да разбере дали кучињата можат со душкање, да идентификуваат случаи на КОВИД-19.
Неделата на здравјето на мажите (13-19 јуни) започна во понеделникот. Владата на Викторија рече дека стапката на смртност е многу повисока кај мажите отколку кај жените.
Се вели дека во споредба со жените, мажите поретко ги посетуваат своите лекари, имаат пократки посети и присуствуваат само кога нивната болест е во подоцнежна фаза.
Помош е достапна преку
Вашиот општ лекар (доктор)
Клиника за машко здравје
Beyond Blue Тел. 1300 224 636
Australian Men's Shed Association Тел. 1300 550 009
Прочитајте за вакцините против КОВИД-19 на македонски јазик
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19
Австралиската главна територија Нов Јужен Велс Северна Територија Квинсленд
Јужна Австралија Тасманија Викторија Западна Австралија
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде
Австралиската главна територија Нов Јужен Велс Северна Територија Квинсленд
Јужна Австралија Тасманија Викторија Западна Австралија
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Дознајте што можете, а што не можете да правите насекаде во Австралија
Пред да тргнете во странство, проверете ги најновите барања и совети за патување
Ако ви треба финансиска помош, проверете кои се вашите опции
Еве помош за разбирање на стручните зборови поврзани со КОВИД-19 на македонски јазик
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Прочитајте ги сите информации за КОВИД-19 на македонски јазик на порталот SBS Coronavirus
