Има уште еден голем скок во бројот на Ковид-19 хоспитализации во Нов Јужен Велс и Викторија.
До 20 часот во средата имаше 1,609 лица во болница во НЈВ во споредба со 1,491 лице пријавено 24 часа претходно. На интензивна нега има 131 пациент.
Во Викторија, 631 лице е во болница, што е зголемување во однос на претходниот ден кога беа пријавени 591 лице.Во државата има 100 лица на интензивна нега.
Во Квинсленд сега има 284 лица во болница, што е скок во споредба со 265 пациенти пријавени во средата. На интензивна нега има 12 лица.
Од вечерва во 23:59 ќе бидат воведени ограничувања за густина и и ќе стане задолжително да се пријавува позитивен резултат од брзиот антигенски тест до одделот за здравство.
Целосно вакциниран маж во неговите 20-ти години, без други здравствени состојби, почина од Ковид-19 во болница, објави Здравството на НЈВ.
Англија објави дека на целосно вакцинираните посетители како и на сите лица помлади од 18 години, од 4 часот наутро на 7 јануари, ќе им биде дозволен влез во државата без да мора да покажат негативен PCR тест.
Ковид-19 статистика:
Нов Јужен Велс евидентира 34,994 нови Ковид-19 случаи и шест смртни случаи додека Викторија регистрира 21,997 нови инфекции и шест смртни случаи.
Квинсленд евидентира 10,332 нови случаи и еден смртен случај.
Тасманија евидентира 751 нова инфекција а едно лице е примено во болница.
За мерките што во моментов се на сила како одговор на пандемијата на Ковид-19 на вашиот јазик притиснете на овој линк here.
