- Викторија се фокусира на стапката на вакцинација кај лицата со попреченост
- Нов Јужен Велс ја достигна целта за двојна вакцинација за 70 проценти
- Канбера на пат да стане еден од градовите со највисока стапка на вакцинација во светот
Викторија
Викторија забележа 1,638 нови, локално стекнати случаи, како и два смртни случаи.
Од денеска, областите од т.н “црвената зона” во Нов Јужен Велс и Територијата на главниот град на Австралија, коишто не се во заклучување, се класифицирани како “портокалови зони”, што им овозможува на илјадници заглавени Викторијци, да поднесат барање за враќање дома.
Од утре, 8 октомври, луѓето со попреченост можат да се вакцинираат без резервација, во државните центри за вакцинација. Државата, исто така, ќе отвори десет специјализирани, привремени центри за вакцинација за лицата со попреченост, во области кои се предмет на загриженост.
Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 587 нови, локално стекнати случаи и осум смртни случаи.
Премиерот Доминик Перотет, најави промени во планот за повторно отворање на државата, откако таа достигна пресвртница од 70 проценти за двојна вакцинација.
Од понеделник, 11 октомври, собирите во затворени простории ќе се удвојат на 10 посетители (не сметајќи ги децата), а собирите на отворено ќе се зголемат од 20 на 30.
Бројот за свадбите и погребите на отворено, ќе се удвои на до најмногу 100 лица. Внатрешните базени, исто така, повторно ќе се отворат.
Кликнете тука за да резервирате денеска термин за вакцина.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата забележа 41 нов, локално стекнат случај.
Територијата на главниот град на Австралија стана првата австралиска јурисдикција, што надмина 96 -те проценти од првата доза, за лица на возраст од над 12 години.
Кликнете овде за да ја резервирате Вашата вакцинација против КОВИД-19.
Последните 24 часа низ Австралија
Квинсленд забележа уште еден ден без пренос на вирусот во заедницата.
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
