- Во Нов Јужен Велс завршните средношколски испити се одложени до 9 ноември
- Еден од 10 заболени во Викторија се наоѓа во Шепартон
- Територијата на главниот град на Австралија ги менува ограничувања за бизнисите, за време на заклучувањето
- Австралиската техничко-советодавна група за имунизација” ја одобри “Фајзер” за деца на возраст од 12-15 години
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 882 нови, локално стекнати случаи, при што над 80 отсто од случаите се наоѓаат западниот и југозападниот дел на Сиднеј. Починаа двајца мажи, на возраст од 60-90 години.
Премиерката Гладис Береџиклијан објави план за враќање на училиште:
- Од 25 октомври - ученици во градинка и 1 одделение
- Од 1 ноември - 2, 6 и 11 одделение
- Од 8 ноември - 3, 4, 5, 7, 8, 9 и 10 одделение
Вакцинациите за целиот училишен персонал, во сите сектори, ќе бидат задолжителни од 8 ноември, но од 6 септември, ним ќе им се даде приоритетен пристап до вакцината.
Резервирајте го Вашиот термин за вакцинација денес.
Викторија
Викторија забележа 79 нови, локално стекнати случаи, од кои 53 поврзани со познати епидемии, а 26 се мистериозни случаи.
Се верува дека околу 16.000 жители во регионот Шепартон, кој има 65.000 жители, се изолираат, принудувајќи затворање на дистрибутерите на храна, супермаркетите и аптеките, поради недостаток на персонал.
Најдете тука центар за вакцинација во Ваша близина.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 21 нови, локалнo- стекнати случаи, со што вкупниот број активни случаи достигна 209.
Националниот главен град најави промени за малопродажниот бизнис, услугите за собирање отпад, училишта за спортски сали и танц и бизниси со недвижности, кои ќе стапат на сила од денеска, во 23:59 часот.
Кликнете овде за да го проверите Вашето право на вакцинација против КОВИД-19.
Последните 24 часа низ Австралија
- Југоисточен Квинсленд дополнително ги олеснува ограничувањата за КОВИД-19, почнувајќи од денеска, во 16 часот.
- “Австралиската техничо-советодавна група за имунизација” ја одобри вакцината “Фајзер КОВИД-19” за деца меѓу 12 и 15 години.
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
