- Заклучувањето во регионалните делови на Нов Јужен Велс е продолжено до 10 септември
- Викторија доби 25.000 дози од вакцината “Фајзер”
- Територијата на главниот град на Австралија распиша јавен повик за грантови за деловна поддршка
- Квинсленд ќе изгради карантин-зона во близина на Toowoomba
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 1.029 нови, локално-стекнати случаи, од кои најмалку 37 активни во заедницата додека биле заразни. Три невакцинирани лица починаа.
Премиерката Гладис Береџиклијан, најави поголеми слободи за целосно вакцинирани жители, почнувајќи од 13 септември:
- Луѓето кои живеат надвор од областите на локалната самоуправа коишто се предмет на загриженост, ќе можат да се соберат на отворено во групи од по пет лица, на пет километри од дома.
- Домаќинствата во областите на локалната самоуправа коишто се предмет на загриженост, исто така, ќе можат да се собираат на отворено, но ќе треба да ги следат постојните ограничувања околу полицискиот час и ограничувањата за вежбање.
Резервирајте тука, денеска, термин за вакцинација.
Викторија
Викторија регистрираше 80 нови локално стекнати случаи, од кои 41 случај присутни во заедницата додека биле заразни.
Лицата под 40 години, кои веќе имаат закажано термин за ”АстраЗенека”, сега автоматски ќе ја добијат вакцината “Фајзер КОВИД-19”, бидејќи 25.000 дози од оваа вакцина стигнаа во Викторија, рече командантот за КОВИД, Јерун Вајмар.
Најдете тука центар за вакцинација во Ваша близина.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата на главниот град на Австралија, регистрираше 14 нови, локално-стекнати случаи, со што вкупниот број активни случаи се искачи на 190.
Бизнисите во Канбера погодени од заклучувањето, сега можат да аплицираат за грантови до 10.000 долари за компании кои вработуваат и до 4000 долари за бизниси кои не вработуваат.
Кликнете овде за да го проверите Вашето право на вакцинација против КОВИД-19.
Последните 24 часа низ Австралија
Квинсленд ќе изгради наменски регионален објект за карантин, на аеродромот Велкамп во близина на Toowoomba.
Сите деца над 12-годишна возраст, во Северната Територија, сега имаат право на вакцина “Фајзер КОВИД-19”.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
