- Во Викторија, 45 проценти од новите случаи се на возраст под 30 години
- Седумдневно заклучување почнува денеска, во Лисмор, во регионален Нов Јужен Велс
- Над 93 проценти од жителите на Канбера, на возраст од над 12 години се делумно вакцинирани
- Квинсленд забележа еден нов случај, стекнат локално
Викторија
Викторија забележа 1,377 нови, локално стекнати случаи, како и четири смртни случаи.
Фрагменти од вируси се откриени во примероци од канализацијата во Милдура. Повеќе локации за изложеност од ниво 1, се наведени во регионална Викторија, вклучувајќи ги Морвел и Шепартон.
Жителите на Мелбурн минаа 246 дена, живеејќи под наредба за престој дома, низ шест заклучувања, надминувајќи го рекордот поставен од аргентинската престолнина Буенос Аирес.
Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 623 нови, локално стекнати случаи, како и шест смртни случаи.
Наредбата за престој дома, за локалната самоуправа Лисмор, важи до 11 октомври и се однесува на секого што е во областа од 28 септември.
Нов Јужен Велс ја почна својата последна закажана недела во заклучување, при што до полноќ во саботата, 2 октомври, 67,1 проценти од луѓето на возраст од над 16 години биле целосно вакцинирани.
Кликнете тука за да резервирате денеска термин за вакцина.
Територија на главниот град на Австралија
Во територијата се регистрирани 28 нови локално стекнати случаи и два смртни случаи.
Во моментов има 16 пациенти со КОВИД во болниците, вклучувајќи пет на интензивна нега и еден на кислородна поддршка.
Над 93 проценти од жителите со право на вакцина, ја примиле првата доза против КОВИД.
Кликнете овде за да ја резервирате Вашата вакцинација против КОВИД-19.
Последните 24 часа низ Австралија
- Списокот на места на изложеност на вирусот во Квинсленд расте, бидејќи новиот локален случај поминал 10 дена во заедницата додека бил заразен.
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
