- Нов Јужен Велс објави нов рекорд со дневни случаи на КОВИД-19
- Викторија регистрира 190 случаи, додека стапките на вакцинација се зголемуваат
- Викендов, Територијата на главниот град на Австралија ќе достигне 70 проценти вакцинација со прва доза
- SA Health наведува два пабови како места за изложеност од Прво ниво
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 1.533 нови, локално-стекнати случаи, и четири смртни случаи, при што 173 заразени лица се лечат во одделенијата за интензивна нега, од кои 62 се на кислородна поддршка.
Министерот за здравство Бред Хазард, вели дека 72 проценти од жителите на Нов Јужен Велс со право на вакцинација, веќе ја добиле првата доза, а нешто помалку од 40 проценти се целосно вакцинирани. Властите ги повикуваат полицајците и службениците од службите за итни случаи од 12 те области на локална самоуправа, што се предмет на загриженост, да се вакцинираат викендов.
Кликнете тука, за да резервирате денеска, термин за вакцинација.
Викторија
Викторија забележа 190 нови, локални случаи, од кои 103 се поврзани со познати епидемии. Изворите на 87 инфекции остануваат под истрага.
Државата се очекува да достигне, порано од очекуваното, 70 проценти вакцинирано население со прва доза, при што министерот за работни места Мартин Пакула, најави продолжување на програмите за поддршка на бизнисот.
Најдете тука центар за вакцинација во Ваша близина.
Последните 24 часа низ Австралија
- Вакцината против КОВИД-19 на “Модерна”, е одобрена од Австралиската управа за терапевтски добри и услуги- TGA, за деца над 12 години.
- Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 32 нови, локални случаи, од кои 19 биле активни во заедницата за време на заразата. Викендов, Територијата треба да достигне пресвртница од 70 проценти вакцинација на населението, со првата доза.
- Четиригодишно девојче е новиот, локално-стекнат случај во Квинсленд, којшто беше објавен вчера.
- SA Health вели дека два паба на северот на Аделаида, биле посетени од возач на камион од Нов Јужен Велс, кој подоцна се покажал позитивен на КОВИД-19. Секој што присуствувал во двете локации, мора заедно со нивните контакти во домаќинството, да се изолираат 14 денови.

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
