- Во Нов Јужен Велс вакцинирани се 40,8 проценти од лицата со право на вакцина
- Викторија најавува нова програма за луѓе кои се во неволја
- Територијата на главниот град на Австралија го намалува на четири до осум недели, интервалот меѓу двете дози “АстраЗенека”
- Во Квинсленд, бројот на матични лекари кои администрираат “Фајзер” треба да расте
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 1.281 нови, локално-стекнати случаи, од кои 831 се лоцирани во западниот и југозападниот дел на Сиднеј. Пет лица починаа од вирусот.
Премиерката Береџиклијан, вели дека моделирањето покажува дека, хоспитализациите ќе достигнат врв, откако државата ќе регистрира 70 проценти вакцини, но тоа нема да влијае на олеснување на ограничувањата. Во моментов има 177 пациенти со КОВИД на интензивна нега, од кои 67 на кислородна поддршка.
Кликнете тука, за да резервирате денеска термин за вакцина.
Викторија
Викторија регистрираше 246 нови, локално-стекнати случаи, од кои 121 поврзани со познати епидемии.
Министерот за домување Ричард Вин, најави нова програма за потстанари, наменета за оние кои плаќаат за кирија повеќе од 30 проценти од приходот, како и за сопствениците на имот за изнајмување, кои загубиле над 20 проценти од својот приход.
Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 11 нови, локално-стекнати случаи, од кои најмалку седум биле во заедницата, за време на заразата.
Жителите на Канбера сега може да добијат побрзо втор термин за вакцинација со “АстраЗенека”, користејќи го порталот MyDHR или телефонски на (02) 5124 7700 помеѓу 07:00 и 19:00 часот.
Кликнете овде за да резервирате термин за вакцинација.
Последните 24 часа низ Австралија
Во Квинсленд, 341 општ лекар ја администрираат вакцината “Фајзер КОВИД-19”, додека 642 лекари ќе се приклучат на програмата, во текот на следните неколку недели.
Речиси 500.000 дози “Фајзер,” обезбедени според договорот за размена на вакцини со Обединетото кралство, пристигнаа во Сиднеј, во неделата, 6 септември.
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
