- Приближно 1.000 пациенти со КОВИД во болниците во Нов Јужен Велс
- 50.000 термини за вакцинација достапни во Викторија
- Територијата на главниот град на Австралија прогласи дванаесетнеделен мораториум за потстанарите што треба да бидат иселени
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 1.431 нови, локално-стекнати случаи и 12 смртни случаи, а како што предупреди премиерката Береџиклијан, кризата со типот Делта во државата, дополнително ќе се продлабочи во наредните недели.
Сега има 979 пациенти со КОВИД-19 во болниците, од кои 160 на интензивна нега, а 63 на кислородна поддршка. Здравствените власти предвидуваат дека случаите ќе се зголемат во следните две недели.
Кликнете тука денеска, за да резервирате термин за вакцинација.
Викторија
Викторија регистрираше 208 нови, локално-стекнати случаи, од кои 96 поврзани со познати епидемии. Почина едно лице на возраст од 60тина години.
Премиерот Ендрјус вели дека приоритетната програма за вакцина за учениците од 12-то одделение, ќе започне следниот вторник, 7 септември, додека 12-годишниците ќе станат следната приоритетна група за вакцината “Фајзер КОВИД-19”.
Најдете тука центар за вакцинација во Ваша близина.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 18 нови, локално-стекнати случаи, од кои 15 присутни во заедницата додека биле инфекцирани.
Владата стави дванаесетнеделен мораториум, на иселувањето на станарите со заостанатите долгови од кирија поради финансиска неволја, како резултат на загуба на приход или работни саати поради заклучувањето.
Кликнете овде за да резервирате термин за вакцинација.
Последните 24 часа низ Австралија
- Од понеделник, 6 септември, Квинсленд ќе има 680 соби достапни во хотелски карантин, откако државата ги прекина пристигнувањата, поради проблеми со хотелски капацитет.
- И покрај тоа што е приоритетна група, само нешто повеќе од 20 проценти од Абориџините и жителите на островот Торес, на возраст над 16 години, се целосно вакцинирани.
- Вршителот на должноста премиер Џереми Роклиф, најави задолжителна вакцинација за здравствените работници во Тасманија.

Source: ALC
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
