- Нов Јужен Велс досега администрираше шест милиони дози вакцини
- Викторија го прошири правото на вакцина за повеќе луѓе
- Територија на главниот град на Австралија го забележа својот најголем број случаи
- Квинсленд евидентира два нови, локално- стекнати случаи
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 753 нови локално-стекнати случаи, од кои најмалку 49 случаи присутни во заедницата, додека биле заразни.
Премиерката Гладис Береџиклијан, вели дека државата достигнала пресвртницата од шест милиони применети вакцини, што значи дека 60 проценти од населението примило барем една доза.
Во 12 области локалната самоуправaа коишто се предмет на загриженост, лицата на возраст меѓу 16 и 39 години, како и вработените кои работат со лица попреченост и грижа за деца, имаат приоритет за резервирањето термин за вакцинација.
Здравствените власти подоцна неделава, ќе објават поголеми слободи за целосно вакцинираните жители.
Резервирајте денеска термин за вакцинација.
Викторија
Викторија регистрираше 50 нови локално стекнати случаи, од кои десет не се поврзани со познати епидемии. Триесет и девет случаи беа во заедницата додека беа заразни.
Премиерот Даниел Ендрјус, вели дека од среда, 25 август, секој на возраст од над 16 години ќе има право на вакцина “Фајзер” или “АстраЗенека”, во државните центри за вакцинација.
Кликнете овде за списокот на места за изложеност и за центри за вакцинација.
Територија на главниот град на Австралија
Територија на главниот град на Австралија регистрираше 30 нови, локално-стекнати случаи, од кои 17 лица активни во заедницата додека биле заразни.
Местата за тестирање во деловните паркови Камбах и Бриндабела, кои беа затворени поради лошите временски услови, ќе бидат отворени утре.
Кликнете тука за да пристапите до списокот со места на изложеност.
А овде можете да го проверите и Вашето право на вакцинација против КОВИД-19.
Последните 24 часа низ Австралија
Квинсленд евидентира два локално- стекнати случаи, кои во моментов се под истрага.
Институтот “Доерти” инсистира дека ќе биде безбедно за Австралија повторно да се отвори, при вакцинација од 70-80 проценти од популацијата, без оглед на бројот на случаи, ноa под услов мерките за јавно здравје да останат на место.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
