- Нови барања за вакцинација за некои овластени работници во Нов Јужен Велс
- Викторија потврди дека заклучувањето ќе биде продолжено
- Територијата на главниот град на Австралија забележа 13 нови, локално-стекнати случаи
- Квинсленд регистрира еден случај во заедницата, којшто бил во домашен карантин
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 1.218 нови локално стекнати случаи, од кои 887 доаѓаат од западниот и југозападниот дел на Сиднеј. Шест лица починаа, со што вкупниот број смртни случаи поврзани со КОВИД, се искачи на 145.
Од понеделник, 6 септември, овластените работници кои живеат во областите на локалната власт што се предмет на загриженост, но работат надвор од своите населби, треба да имаат примено барем една доза од вакцината против КОВИД-19.
Приоритетни резервации за вакцина против КОВИД-19 ,се достапни за овластените работници кои живеат во овие области на загриженост, за лица на возраст од 16-49 години кои живеат во истите населби, како и за вработените во секторот за грижа за деца, инвалидитет и храна кои живеат или работат во некоја од тие загрижувачки населби.
Најдете овде како да добиете доказ за Вашта вакцинација против КОВИД-19.
Викторија
Викторија регистрираше 92 нови, локално-стекнати случаи, од кои повеќе од 30 се уште не се поврзани со постоечките епидемии.
Од тековните 778 активни случаи, околу 500 се во северните и западните делови на Мелбурн, рече премиерот Даниел Ендрјус посочувајќи дека нема да биде можно да се стави крај на заклучувањето на 2 септември.
Најдете тука центар за вакцинација во Ваша близина.
Последните 24 часа низ Австралија
- Oд 8 септември, Квинсленд ќе отвори центар за масовна вакцинација во “Забавниот центар” во Бризбејн, во Бондол.
- Министерот за здравство, Грег Хант, вели дека “Шемата за побарување вакцина против КОВИД-19”, ќе им понуди заштита на Австралијците, кои примаат вакцина одобрена од “Австралиската терапевтска управа- TGA”.
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
