Во петокот, Австралија забележа најмалку 50 смртни случаи од КОВИД-19, вклучувајќи 18 во Викторија, 11 во Квинсленд и осум во Нов Јужен Велс. Исто така, Западна Австралија објави еден смртен случај.
Бројот на хоспитализации се зголеми во Нов Јужен Велс и Квинсленд во изминатите две недели. Сепак, бројот на примени лица во болница се намали во Викторија, Јужна Австралија и Тасманија.
Проверете ги овде најновите трендови за нови случаи, хоспитализации и смртни случаи поврзани со КОВИД-19 во Австралија.
NSW Health објави пораст од 22 проценти на инфекции од подтиповите BA.4 и BA.5, од варијантата Omicron. Здравствениоте власти веруваат дека BA.4 и BA.5 ќе станат доминантни видови и ќе ги поттикнат инфекциите во наредните недели.
Се верува дека BA.4 и BA.5 стојат зад порастот на бројот на хоспитализации во Јужна Африка.
Светската здравствена организација соопшти дека глобалните смртни случаи со КОВИД-19 се зголемиле за четири отсто минатата недела, откако опаѓале повеќе од пет недели.
Извршниот директор на компанијата “Квантас” Qantas, Алан Џојс, бара отстранување на барањата за маски за лице за време на авионските летови. Г-дин Џојс изјави за 2G радио дека Австралија заостанува во поглед на правилата за маски за лице.
Викендов, повеќето австралиски држави и територии ќе ги укинат барањата за маски за лице на аеродромските терминали. Сепак, маските се уште се задолжителни на летовите.
Прочитајте за вакцините против КОВИД-19 на македонски јазик
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19
Австралиската главна територија Нов Јужен Велс Северна Територија Квинсленд
Јужна Австралија Тасманија Викторија Западна Австралија
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде
Австралиската главна територија Нов Јужен Велс Северна Територија Квинсленд
Јужна Австралија Тасманија Викторија Западна Австралија
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Дознајте што можете, а што не можете да правите насекаде во Австралија
Пред да тргнете во странство, проверете ги најновите барања и совети за патување
Ако ви треба финансиска помош, проверете кои се вашите опции
Еве помош за разбирање на стручните зборови поврзани со КОВИД-19 на македонски јазик
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Прочитајте ги сите информации за КОВИД-19 на македонски јазик на порталот SBS Coronavirus
