- Викторија најавува економски пакет за бизнисите на отворено
- Училиштата повторно се отвораат во Нов Јужен Велс
- Тасманија ќе излезе од заклучувањето како што беше планирано
Викторија
Викторија регистрираше 1.903 нови, локално стекнати случаи и седум смртни случаи.
Министерот за вработување Јаала Пулфорд, најави економски пакет вреден 54 милиони долари, наменет за бизнисите и организациите на отворено, како што се спортски сали, трговија на мало, салони за убавина и лични услуги.
Над 89,2 проценти од популацијата над 16 години на Викторија, примиле една доза вакцина, а 66,5 проценти се целосно вакцинирани.
Заклучувањето во Мелбурн ќе биде укинато на полноќ во четврток, 21 октомври, кога учениците од прва и втора година ќе се вратат на училиште. Сите други студенти ќе им се придружат во петок, 22 октомври. Денеска во клупите се вратија учениците од подготвително одделение.
Кликнете тука за да резервирате термин за вакцинација
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс забележа 265 нови, локално стекнати случаи и пет смртни случаи.
Околу 92 проценти од луѓето на возраст од над 16 годишна возраст примиле една доза вакцина против КОВИД-19, а 80,3 проценти имале две.
Учениците во 12 година, во прва година и деца од градинка се вратија во клупите денеска, додека другите одделенија кои ќе се вратат следната недела.
Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.
Територијата на главниот град на Австралија
Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 17 нови случаи, од кои 11 се поврзани со тековната појава.
Од 17 хоспитализирани лица, 9 се на интензивна нега.
Кликнете тука за да резервирате денеска термин за вакцина.
Последните 24 часа низ Австралија
- Квинсленд не регистрираше нови случаи на КОВИД-19.
- Јужна Тасманија, вклучително и главниот град на државата, Хобарт, ќе излезе од заклучување за КОВИД-19, вечерва во 18 часот, како што беше планирано.
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
