- Ревакцинација со трета доза ќе биде достапна шест месеци по втората доза, со одобрување
- Викторија ги обновува напорите за зголемување на стапките на вакцинација кај домородните народи
- Сите ученици во Нов Јужен Велс денеска се вратија на училиште
Викторија
Државата регистрираше 1.461 нов, локално стекнат случај, како и седум смртни случаи, вклучително жена во 20 -тите години.
Министерот за здравство Мартин Фоли, најави нови напори за создавање свест за вакцинација во домородните заедници. Беа објавени низа привремени клиники за заедниците со „ниско ниво“ на вакцинација.
Околу 80 проценти од Абориџинската заедница на над 12-годишна возраст во државата, ја прими првата доза од вакцината. Бројот низ целата држава, за истата возрасна група е над 90 проценти.
Од петок, 29 октомври, ограничувањата ќе се ублажат понатаму, вклучително и укинување на маските на отворено и враќање на регионалните патувања низ државата.
Кликнете тука за денеска да го резервирате Вашиот термин за вакцина.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс забележа 294 нови, локално стекнати случаи, како и четири смртни случаи.
Сите ученици денеска се вратија на настава. Сепак, не сите наставници може да се вратат на работа, поради задолжителните правила за целосна вакцинација.
„Над 95 проценти од нашите наставници се вакцинирани и тоа ни овозможи безбедно да ги отвориме училиштата. Тоа е извонреден напор“, рече премиерот Доминик Перотет.
Неитната изборна хирургија, што беше откажана во август, исто така, ќе продолжи во јавните и приватните болници во Сиднеј и пошироката околина.
Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.
Квинсленд
Квинсленд денеска не забележа нови случаи.
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
