- “Управата за терапевтски добра” препорача домашното тестирање да биде достапно од 1 ноември
- Викторија ја забележува својата највисока дневна бројка од почетокот на пандемијата
- Два нови кластери на вирусот во Квинсленд, откриени на само неколку денови пред големото финале на НРЛ
Викторија
Викторија регистрираше 867 нови, локално-стекнати случаи на КОВИД-19 и уште четири смртни случаи, со што бројот на активни случаи достигна 9,261.
Државата тестира воведување нова апликација, што може да се искористи за да се проверат Викторијанците што се враќаат од меѓудржавни и прекуокеански земји.
Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.
Квинсленд
Две нови групи на КОВИД-19 се откриени во Бризбејн, неколку денови пред големото финале на НРЛ, вклучително и еден поврзам со возач на камион, кој заразен бил присутен во заедницата осум дена
Државата регистрираше четири нови случаи во заедницата. Маските повторно станаа задолжителни за жителите во областите на локалната власт во Бризбејн и Моретон Беј.
Кликнете тука за да ја резервирате Вашата вакцинација.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 863 нови, локално стекнати случаи со КОВИД-19, како и седум смртни случаи, од кои повеќето се во локалниот здравствен округ на Југозападен Сиднеј и Западен Сиднеј.
Властите размислуваат да ги стават жителите на Порт Меквари и Мусвелбрук под заклучување, и да го продолжат заклучувањето во Кемпси, како резултат на зголемените случаи во тие области.
Кликнете тука за да резервирате денеска термин за вакцинација.
Територија на главниот град на Австралија
Главниот министер на Територијата на главниот град на Австралија, Ендру Бар, вели дека патот на територијата надвор од заклучувањето ќе биде постепен, бидејќи се евидентирани 13 нови случаи. Осум лица се во болница поради вирусот, а на тројца им е потребна кислородна поддршка на интензивна нега.
Кликнете овде за да ја резервирате Вашата вакцинација против КОВИД-19.
Последните 24 часа низ Австралија
"Управата за терапевтски добра" (ТГА) препорача дека домашното тестирање ќе биде достапно од 1 ноември.
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
