Денеска, понеделник, Aвстралија објави најмалку 23 смртни случаи од KОВИД-19, вклучувајќи 18 во Викторија и пет во Нов Јужен Велс.
Проверете ги овде најновите трендови за нови случаи, болнички приеми и смртни случаи, поврзани со КОВИД-19 во Австралија.
Друг брод крстарење погоден од КОВИД-19, со скоро 100 позитивни случаи, се закотви во Сиднеј. Патниците на P&O Pacific Explorer може да се симнат откако ќе вратат негативен брз тест (RAT).
Минатата недела, бродот за крстарење Coral Princess, вплови на еден ден.во Сиднеј со позитивни случаи
Премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перотет бара пократок период на изолација за позитивните случаи на KОВИД-19, што сугерира дека вирусот не оди никаде, а Австралија може да види повторени бранови.
Премиерот Ентони Албанезе, сепак, цитирајќи совет од главниот здравствен службеник, рече дека „сега сигурно не е време“ да се намали периодот на изолација. За ова прашање беше разговарано и на состанокот на националниот кабинет во саботата.
Во понеделникот, за радио 5АА, г-дин Албанезе изјави дека здравствените власти ќе продолжат да истражуваат дали периодот на изолација може дополнително да се намали.
Во декември минатата година, Австралија го намали периодот на изолација од 14, на седум дена.
Многу држави пријавија зголемено време на чекање во одделенијата за итни случаи поради недостиг на персонал и пораст на случаи на КОВИД-19 и грип.
Во Нов Јужен Велс, околу 2.700 здравствени работници во моментот се во изолација поради КОВИД- 19.
Викторија планира да распореди дополнителен специјалистички персонал за почеток, низ 12 големи болници, за да го намали притисокот врз здравствениот систем.
Државата, исто така, планира да формира две респираторни клиники за матични лекари за деца, за да се бори против неодамнешниот пораст на случаи на КОВИД-19 и грип, и да ги спречи посетите на Одделот за итни случаи за деца, кои се соочуваат со респираторни заболувања.
По порастот на инфекции и хоспитализации, Северната територија воведе ограничувања за бројот на посетители и на часовите на посета во болниците.
По состанокот на националниот кабинет во саботата, Австралија ја врати до 30 септември, исплатата од 750 долари за пандемично отсуство.
__________________________________________________________________________________
Прочитајте за вакцините против КОВИД-19 на македонски јазик
__________________________________________________________________________________
Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19
Австралиската главна територија Нов Јужен Велс Северна Територија Квинсленд
Јужна Австралија Тасманија Викторија Западна Австралија
__________________________________________________________________________________
Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде
Австралиската главна територија Нов Јужен Велс Северна Територија Квинсленд
Јужна Австралија Тасманија Викторија Западна Австралија
__________________________________________________________________________________
Дознајте што можете, а што не можете да правите насекаде во Австралија
Пред да тргнете во странство, проверете ги најновите барања и совети за патување
Ако ви треба финансиска помош, проверете кои се вашите опции
Еве помош за разбирање на стручните зборови поврзани со КОВИД-19 на македонски јазик
__________________________________________________________________________________
Прочитајте ги сите информации за КОВИД-19 на македонски јазик на порталот SBS Coronavirus