- Во жариштата на КОВИД-19 низ Сиднеј, мерките сега вклучуваат полициски час од 21 часот до 5 часот наутро, како и ограничување на еден час вежбање дневно
- Викторија забележа 22 мистериозни случаи, од вкупно 71 нов случај
- Во Територијата на главниот град на Австралија, ”Фајзер” стана достапна за лицата од 16-29 години
- Јужна Австралија започнува пробна изолација во домашни услови
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 818 нови, локално-стекнати случаи, од кои најмалку 42 случаи во заедницата додека биле заразни. Починаа три лица во 80-тите години од животот, со претходни здравствени проблеми.
Од денеска, дополнителни правила се применуваат низ Сиднеј и пошироката околина, додека на работниците од Кантербери-Банкстаун, Камберленд и Ферфилд повеќе не им треба редовно тестирање за КОВИД-19, за да работат надвор од нивните области на локалната власт.
Резервирајте тука, денеска термин за вакцинација.
Викторија
Викторија забележа 71 нов локално стекнат случај, од кои 22 не се поврзани со познати епидемии. Педесет и пет случаи беа во заедницата додека беа заразни.
Мистериозни случаи беа регистрирани во Есендон Вест, Кембервел, Торнбери, Фицрој Норт, Мејдстон и Соренто.
Најдете го овде списокот на места за изложеност и списокот на центри за вакцинација.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 16 нови, локално-стекнати случаи, од кои три се под истрага. Три случаи беа во заедницата, за време на инфекцијата.
Лицата на возраст од 16 до 29 години сега можат преку веб-страницата My Digital Health Record да се регистрираат за резервација на вакцината “Фајзер КОВИД-19”.
Најдете го овде списокот со места на изложеност и проверете го Вашето право на вакцинација против КОВИД-19.
Последните 24 часа низ Австралија
Квинсленд забележа еден, локално-стекнат случај, кој бил во домашен карантин.
Јужна Австралија започнува пробна излолација во домашни услови, чија цел е да ги изолираат луѓето дома, а не хотели. Тие ќе бидат следени со помош на гео-локација и софтвер за препознавање лица.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
