Најнови информации за КОВИД-19: Нема забрана за патување од Јужна Африка засега и покрај појавата на нова варијанта на Ковид

Travel Ban

Some European countries have banned travel from some African countries but Australia is not taking the drastic step yet. Source: AAP

 

  • Австралиските здравствени власти засега ја отфрлија можноста за забрана за патување од Јужна Африка, каде се појави нова и загрижувачка варијанта на KОВИД-19. Новата варијанта, Mu, или B.1.621, има голем број мутации кои сугерираат дека може да биде поотпорна на вакцините.
  • Викторија го прекина системот на дозволи за домашни патници.
  • Дополнителните ваучери за на Нов Јужен Велс може да бидат побарани од денеска па натаму. Програмата е продолжена до 30 јуни 2022 година.
  • Квинсленд вели дека не може да ги „отвори портите“ дури и по пoстигнувањето 80 отсто вакцинација, бидејќи треба да ги заштити преостанатите 20 отсто и децата под 12 години.
  • “Амнести интернешенел Австралија” вели дека е „разочаран“ што “Амнести интернешенел Велика Британија” избра да шири лажни информации во врска со улогата на австралиските одбранбени сили во хуманитарната работа што се изведува на Северната територија погодена од КОВИД.
Статистика за Ковид-19:

Advertisement
  • Викторија забележа 1.362 нови, локално стекнати и седум смртни случаи.
  • Нов Јужен Велс забележа 261 нов случај во заедницата.
  • Територијата на главниот град на Австралија забележа осум нови случаи.
Карантин и ограничувања во секоја држава/територија:

Дознајте што можете, а што не можете да правите во Вашата држава или територија

Патувања

Информации за меѓународни патници и Ковид-19 и информации за патувања на повеќе јазици

Финансиска помош

ма промени во плаќањето за катастрофи КОВИД-19, откако државите ќе достигнат 70 и 80 отсто целосно вакцинирани: Добијте помош за време на Ковид-19 од Services Australia на повеќе јазици

 


 

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

 
 
 

Посетете ја страницата на  , за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.


Share
Published 26 November 2021 at 1:48pm
By SBS/ALC Content
Presented by Maja B.Talevska
Source: SBS