- Викторија воведува нови реформи во јавното здравство за ситуацијата со пандемијата
- Квинсленд ги објавува плановите за странски студенти
- Северната територија има за цел „политика без карантин“
Викторија
Викторија воведува во Парламентот нови закони за пандемијата, во истовреме со евидентирањето 1.510 нови, локално стекнати случаи со КОВИД-19, како и четири смртни случаи.
Премиерот ќе може да прогласи пандемија, откако ќе ги земе предвид советите на главните здравствени службеници и тимот за јавно здравје.
Државниот министер за здравство Мартин Фоли, рече дека законите ќе ја заменат сегашната рамка, каде што аранжманите за вонредна состојба треба да се разгледуваат и продолжуваат од министерот на секои четири недели.
Најавена е и нова концесиска шема за казни, каде што лицата кои страдаат од финансиски тешкотии можат да аплицираат за намалување на износот на глобата.
Викторија се радува на повторното отворање во петок, 29 октомври, кога се очекува државата да ја достигне целта за вакцинација од 80 проценти.
Кликнете тука за денеска да го резервирате Вашиот термин за вакцина.
Квинсленд
Премиерката Анастасија Палашчук, најави дека странските студенти ќе можат да се вратат во државата во 2022 година, при што државата забележа два нови, локално стекнати случаи - но и двата се сметаат со низок ризик.
Кликнете тука за денеска да го резервирате Вашиот термин за вакцина.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс забележа 282 нови, локално стекнати случаи, како и еден смртен случај.
Државата сега има целосно вакцинирано 85 отсто од населението над 16 годишна возраст.
Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.
Последните 24 часа низ Австралија
Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 12 нови случаи на коронавирус.
Северната територија има за цел да има политика „без карантин“ за целосно вакцинирани лица од 18 јануари.
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати врзани за пандемиската катастрофа во секоја австралиска држава и територија
