- Викторија повторно ги воведува заедниците во “пограничен меур”
- Нов Јужен Велс ги повикува сите на внимателно однесување за да останат безбедни од КОВИД
- Над 68 проценти од Канбернчаните се целосно вакцинирани
- Квинсленд и Јужна Австралија ќе ги ублажат ограничувањата
Викторија
Викторија забележа 1,838 нови, локално стекнати случаи, како и пет смртни случаи.
Неколку области на локалната власт се додадени кон т.н “пограничен меур” (border bubble), вклучувајќи ги Бенала, Бендиго со пошироката околина, Булок Шаир, Лодон, Јариамбиак, Хеј, Едвард Ривер, Локхарт, Мурумбиџ, Вога Вога.
Жителите кои ги минаа изминатите 14 дена во рамките на областите што влегуваат во “пограничниот меур”, можат да влезат и да ја напуштат Викторија без дозвола.
Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 646 нови, локално стекнати случаи, како и 11 смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи поврзани со КОВИД во актуелната пандемија изнесува 414.
Фрагменти од вирусот се откриени во примероци од отпадни води во Вее Ваа, во регионот Хантер Њу Ингланд и Квиринди и Бруарина во западен Нов Јужен Велс.
Главната здравствена службеничка, д-р Кери Чант, ги повикува сите да продолжат да носат маски, да продолжат да се пријавуваат, да одржуваат социјална дистанца и, што е најважно, да се изолираат и да се тестираат доколку се сомневаат во симптоми на КОВИД-19.
Кликнете тука за денеска да резервирате термин за вакцинација.
Територија на главниот град на Австралија
Територијата регистрираше 40 случаи, стекнати локално.
Во моментов има 16 пациенти со КОВИД во болница, од кои шест се на интензивна нега а петмина на кислородна поддршка.
Кликнете овде за да ја резервирате Вашата вакцинација против КОВИД-19.
Последните 24 часа низ Австралија
- Областите на локалната самоуправа во Бризбејн, Логан, Голд Коуст, Моретон Беј, Таунсвил (вклучувајќи го и Магнетик Ајланд) и Палм Ајленд повторно ќе се приклучат на остатокот од Квинсленд ограничувања на Ниво 3, почнувајќи од денеска, петок, 8 октомври, во 16 часот.
- Југоисточниот дел на Јужна Австралија се враќа на исто ниво на ограничувања како и остатокот од државата, која во моментов е под ограничувања на Ниво 1, со некои со дополнителни мерки.
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
