Во петокот, Австралија забележа 28 смртни случаи од КОВИД-19, вклучително девет во Нов Јужен Велс и Викторија, и седум во Квинсленд. Западна Австралија објави историска бројка од 11 смртни случаи дневно.
Викторија регистрира 571 лице примено со КОВИД-19 во болниците, што е највисока бројка од 4 април до сега. За прв пат во изминатите три недели, Западна Австралија пријави под 10.000 нови инфекции.
Нов Јужен Велс пријави 34 лица со КОВИД-19, примени во Одделот за интензивна нега, што е најниска бројка од 4 април до сега.
Проверете ги овде најновите трендови КОВИД-19 за нови случаи, хоспитализации и смртни случаи во Австралија.
Во својот неделен извештај за КОВИД-19 и грип, NSW Health забележа пад од 7,1 отсто во стапката на PCR тестирање. Се вели дека преносот на КОВИД-19 во заедницата е стабилен, но случаите на грип низ државата се зголемуваат.
NSW Health ги повика луѓето да ги следат симптомите на Легионерската болест (легионелоза, пневмонија), доколку во изминатите десет дена биле во сиднејскиот Централен бизнис дистрикт - CBD.
Петмина жители кои се заразиле со бактериската болест поминале извесно време во CBD во изминатите три недели. Сите петмина се лекуваат од пневмонија во болница.
Симптомите на Легионерската болест вклучуваат висока температура, треска, кашлица и отежнато дишење. Симптомите може да се развијат до десет дена од моментот на изложување.
Прочитајте за вакцините против КОВИД-19 на македонски јазик
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19
Австралиската главна територија Нов Јужен Велс Северна Територија Квинсленд
Јужна Австралија Тасманија Викторија Западна Австралија
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде
Австралиската главна територија Нов Јужен Велс Северна Територија Квинсленд
Јужна Австралија Тасманија Викторија Западна Австралија
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Дознајте што можете, а што не можете да правите насекаде во Австралија
Пред да тргнете во странство, проверете ги најновите барања и совети за патување
Ако ви треба финансиска помош, проверете кои се вашите опции
Еве помош за разбирање на стручните зборови поврзани со КОВИД-19 на македонски јазик
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Прочитајте ги сите информации за КОВИД-19 на македонски јазик на порталот SBS Coronavirus
