- Присуство во високи стапки на вирусот, откриени во канализацијата во регионот Њукасл
- Откажан државниот празник Ека во Бризбејн
- Јужна Австралија забележа еден нов случај во заедницата
- Нема нови случаи во Викторија
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 233 нови, локално стекнати случаи, од кои најмалку 47 присутни во заедницата додека биле заразни. Две лица починаа од КОВИД-19, вклучително и маж на возраст од 20 години, од југозападниот дел на Сиднеј, за чија состојба се вели, дека одеднаш се влошила.
Главната здравствена службеничка, др. Кери Чант ги повикува луѓето во областа Њукасл, да излезат на тестирање, бидејќи се откриени високи стапки на вирус во локалната канализација.
Градините Бирмингем, Шортленд, Мериленд, Флечер, Минми, Камерон Парк, Мејфилд, Стоктон и Ферн Беј, се предградијата за кои постои особена загриженост.
Најдете ја тука листата на клиники за вакцинација.
Квинсленд
Квинсленд регистрираше 17 нови, локално стекнати случаи, од кои 16 се поврзани со постојниот кластер. Седумнаесеттиот случај, којшто не поврзан со кластерот на Бризбејн, беше пријавен во Кернс вчера попладне, на 3 август.
Државниот празник Ека во Бризбејн, кој требаше да започне викендов, е откажан и ќе биде одложен за подоцна годинава.
Главната здравствена службеничка др. Џенет Јанг, ги повикува луѓето да размислат за купување преку Интернет, или да го одложат купувањето, наместо да трошат време во заедницата.
Најдете ги тука информациите за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик.
Последните 24 часа низ Австралија
- Јужна Австралија бележи еден локално стекнат случај, маж на возраст од 20 -тина години, кој бил во карантин.
- Нема нови случаи во Викторија, за прв пат по повеќе од три недели.
Варијанта Делта, безбедност и ефикасност на вакцината: Објаснува експерт за заразни болести
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија
