- Нов Јужен Велс повторно се отвора, со предупредување за претпазливост од премиерот
- Викторија почна нова кампања за подигање на свеста за вакцинацијата
- Премиерот Скот Морисон го напушта карантинот
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс забележа 496 нови, локално стекнати случаи и осум смртни случаи. Пријавени се и два нови случаи во карантин.
Државата ги укина ограничувањата по повеќе од 100 дена заклучување, со можност повторно да се отворат спортски сали, кафулиња, ресторани, продавници и фризери.
Премиерот Доминик Перотет, додаде дека секаде каде што е можно, бизнисите треба да се осигурат дека се точни информациите за вакцинација дадени од посетителите.
Ограничувањата ја чинеа државната економија околу 1 милијарда долари неделно, а премиерот укажа на недостаток на работна сила.
Тој рече дека соработува со федералната влада, за да го приближи датумот за повторно отворање на меѓународните граници.
„Не можеме да живееме овде како испосничко царство од другата страна на светот, сакаме Австралијците што се враќаат да си дојдат, рече тој.
Викторија
Викторија регистрираше 1.612 нови, локално стекнати инфекции со КОВИД-19, како и осум смртни случаи. Хоспитализирани се 677 лица, од кои 133 се на интензивна нега и 94 на кислородна поддршка.
Во неделата, во државата беа дистрибуирани 81.000 вакцини.
Властите ги повикуваат помладите луѓе да ги убедат семејствата да се вакцинацинираат.
Министерот за здравство Мартин Фоли, рече дека мРНА вакцините, “Модерна” и “Фајзер”, сега ќе бидат достапни за луѓе од сите возрасти во Викторија. Државата почна нова кампања за подигнување на свеста за вакцинација „ Vaccine is the ticket” (Вакцината е билет) согласно плановите за повторно отворање.
Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.
Територијата на главниот град на Австралија
Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 32 нови случаи, додека 97,8 проценти од луѓето над 12 -годишна возраст веќе ја примиле својата прва доза вакцина.
Кликнете тука за да резервирате денеска термин за вакцина.
Последните 24 часа низ Австралија
- Квинсленд не регистрира случаи со КОВИД-19.
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.
