Младиот и талентиран голман Џејк Ангеловски од Мелбурн, кој има македонско потекло во иднина ќе го носи дресот на шпанскиот прволигаш Легањес од Мадрид. Тој деновиве потпиша договор со членот на La Liga.
18- годишниот Ангеловски ќе настапува за првиот тим на Легањес до 19 години кој се натпреварува во најквалитетната шпанска лига за млади фудбалери до 19 години.

Џејк Ангеловски својот трансфер успеа да го реализира со помош на Genova International School of Soccer.

Како и секое дете со македонско потекло и Џејк првите фудбалски чекори ги прави во македнските клубови. Тренира и игра во Престон Македонија и Алтона Меџик Вардар. Има тренирано и во други клубови и фудбалски школи во Мелбурн.

Џејк успешно ги мина подготовките и пробите во Леганес по што следуваше и потпишувањето на договорот.
Видео од тренизите на Џејк во Леганес.
Голема желба на младиот Ангеловски е еден ден да го облече и репрезентативниот дрес на Македонија. ФФМ сега е на потег.
