Поранешниот фудбалер и амбасадор на Престон Македонија Саша Огненовски беше специјален гостин на свечената вечера што ја организираше Престон Македонја пред почетокот на новото првенство.
Саша Огненовски не заборави да повтори дека Престон Македонија за него останува најомилен клуб и покрај тоа што настапуваше за повеќе клубови во А-лигата и направи успешна интернационална кариера.
На аукцијата што ја организираше клубот со дресови од фудбалерите на Престон Македонија беше продаден и дресот на поранешниот репрезентаивец на Австралија и најдобар фудбалер на Азија за 2010 година со кој настапуваше за Seongnam Ilhwa Chunma од Јужна Кореја.
Во продолжение погледајте го видеото од разговорот на Саша Огненовски со спортскиот коментатор на Fox Sports Мајкл Запоне и дел од аукцијата.
