Watch FIFA World Cup 2026™

LIVE, FREE and EXCLUSIVE

“Тагата на Мајлс Франклин под Кајмакчалан” од Чаповски достапна на англиски јазик

Англиското издание на романот “Тагата на Мајлс Франклин под Кајмакчалан” од писателот Иван Чаповски, ќе бидe претставено во среда, 27 април 2022, во книжарницата “Ридингс” (Readings) во Хортон, во Мелбурн, со почеток од 18:30 часот. Влезот е слободен, но со претходна резервација, преку апликацијата TryBooking.

The Sorrow of Miles Franklin Beneath Mount Kajmakčalan
Source: Ivan Capovski

 

Романот “Тагата на Мајлс Франклин под Кајмакчалан” беше за првпат издаден во 2004 година, од македонската издавачка куќа “Култура”, а преведен на англиски јазик од Пол Филев, за “Кадмус прес” (Cadmus Press), во 2020 година:

“Во последните години од Првата светска војна, познатата австралиска писателка Мајлс Френклин патува на македонскиот фронт, приклучувајќи се како медицинска сестра во Шкотската женска болница во близина на планината Кајмакчалан, родниот крај на писателот. Војници од многу нации се судираат низ територијата на Македонија која е поделена, апсорбирана од нејзините соседи. Македонскиот народ  се бори да преживее, соочен со неверојатни загуби.  Македонските војници се присилно регрутирани во странски војски кои се борат на нивна територија. Меѓу сето тоа, Мајлс ги доловува надежите на угнетените, бележејќи ги нивните маки, нивните тивки триумфи и превирањата на нацијата погодена од настани кои се надвор од нејзината контрола. Оваа приказна за овој краток период од животот на Мајлс Френклин се заснова на нејзиното сопствено пишување и современи документи, поддржани со обемни додатоци од локалната историја и култура.“

Чаповски е истакнат македонски поет, романописец и публицист. Добитник е на највисоките национални книжевни признанија како што се македонската национална награда „23 Октомври“ за целокупното свое творештво, наградата „13 Ноември“ (за стихозбирката “Убавата Разделина”), наградата за најдобра творба од издавачкатa куќа “Мисла” (за романот “Змија”), на “Рациново признание“ (за романот “Магла”), наградата „Стале Попов“ (за романите Магла и Крв на еукалиптусот) и наградата ,,Книжевен круг“- Битола и наградата “Книжевен жезол” од “Друштвото на писателите на Македонија”.

 


2 min read

Published

Updated

By Maja B.Talevska


Share this with family and friends


Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Stream now