Македонија на овогодинешниот евровизиски натпревар ќе ја претставува дуото "EYE CUE" со песната "Lost and Found". Членовите на дуото Марија Ивановска и Бојан Трајковски, на кои по потреба понекогаш им се придружува и тапанарот Иво Митковски, на македонската музичка сцена егзистираат од 2008 година.Тие досега издадоа два албума и имаа бројни хитови во Македонија како и во поширокиот регион, вклучувајќи и три хитови на МТВ АДРИА.
Музиката и стиховите за песната ги напиша гитаристот и вокалист Бојан Трајковски, а аранжманот е на Дарко Димитров.
Видеото е снимено во еден кадар и е дело на Јован Куцуновски.

Source: Supplied
"Ова е песна за длабока и безусловна љубов каде што некој може да се нурне подлабоко во светот на непознатото и да се доживее магијата на вистинската и моќна љубов. Се надевам дека гледачите на Евровизија ќе уживаат во веселата мелодија и шармантниот вокал на Марија ".
Зборувајќи за песната Марија додаде:
"Кога прв пат ја слушнав песната, Бојан ја свиреше на пијано и веднаш ми се допадна, веднаш почувствував емоција. За да се вљубам во оваа мелодија потребни ми беа само 20 секунди, се надевам дека публиката ќе реагира на ист начин како мене. Навистина сум возбудена што ќе ја изведам песната на Евровизија и ќе имам шанса да ги споделам моите емоции со сите ".
Македонскиот радиодифузер МРТ го избра дуото интерно. Комисијата, која од примените 382 песни го избра дуото и песната, вели:

Source: Supplied
"Избраната композиција има современ звук, импресивен рефрен и текст, одлични и оригинални вокални способности на изведувачот, што секако нуди можност за квалитетен eвровизиски пакет и достојно претставување на МРТ и Македонија на овој престижен музички настан, организиран од ЕБУ" .
Еве ja и официјалната песна, и видеото за неа, со која Македонија ќе настапи на натпреварот за песна на Евровизија во 2018 година:
Македонија првпат се појави на натпреварот за песна на Евровизија во 1998 година, а досега има учествувано 17 пати.
Најдобар резултат беше остварен во 2006 година, кога Елена Ристеска заврши 12-та со песната "Нинанајна". Македонија никогаш не била последна, но успеа да се квалификува во финалето само пет пати за 14 години од воведувањето на полу-финалињата во 2004 година. Во последните десет години Македонија само еднаш се квалификува во големато финале и тоа во 2012 година со пејачката Калиопи и песната "Црно и бело".
Видео од првата проба на Eye Cue во Лисабон за песна на Евровизија:
"Eye Cue" ќе се претстави со "Lost and Found" во втората половина од првото полуфинале на 9 Mај.
Дали Македонија конечно ја најде формулата што ќе и помогне да освои билет за големото финале?
Можете да оставите и ваш коментар на Фејсбук.
The Eurovision Song Contest ON TV
Primetime evening broadcasts
Semi Final 1 – Wednesday 9 May, 7.30pm, SBS
Semi Final 2 – Friday 11 May, 7.30pm, SBS
Grand Final – Sunday 13 May, 7.30pm, SBS
LIVE early morning broadcasts
Semi Final 1 – Wednesday 9 May, 5am (AEST) SBS
Semi Final 2 – Friday 11 May, 5am (AEST) SBS
Grand Final – Sunday 13 May, 5am (AEST) SBS