Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклијан поднесе оставка откако стана предмет на истрага на државната антикорупциска комисија.
Независната комисија за борба против корупцијата утрово објави дека ќе одржи јавни расправи за да испита дали г -ѓа Береџиклијан ја нарушила довербата на јавноста во нејзините постапки со поранешниот пратеник Дерил Мекгваер.
Береџиклијан беше во лична врска со поранешниот Либерален пратеник за Wagga Wagga, за кој беше откриено дека ја користел својата јавна функција и парламентарните ресурси за финансиска корист.
Береџиклијан вели дека ќе поднесе оставка и од парламентот:
"Не можам да предвидам колку време ќе биде потребно за ICAC да ја заврши оваа истрага, и да издаде извештај во околности кога првпат бев повикана да дадам докази на јавна расправа пред повеќе од 12 месеци. Затоа, со болка објавам дека немам друга опција освен да поднесам оставка од премиерската функција. Мојата оставка ќе стапи на сила откако Либералната партија на Нов Јужен Велс ќе избере нов лидер. "
