Еден од најдобрите македонски фудбалери и капитен на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го стави на лицитација својот дрес со кој го одига 100-от натпревар за репрезентацијата на Македонија.
Со тоа Горан Пандев се приклучи во акцијата на фудбалските ѕвезди во Европа, кои ќе дадат омилени дресови на лицитација, а собраните пари ќе бидат наменети во фондовите за борба против короанвирусот.
Во инстаграм постот тој потенцира дека парите ќе бидат дадени на болницата „8ми Септември“ во Скопје.
„Овој свет дрес од мојот стоти настап за мојата Македонија решив да го донирам и помогнам во борбата против Ковид-19„ – напиша на Инстаграм Пандев.
Пандев овој дрес го носеше во дуелот против Летонија во квалификациите за Европското првенство на која Македонија победи со 3:1. Тој е и рекордер по бројот на настапи (108) и по бројот на постигнати голови (34) во дресот на Македонија.