Со цел да се дојде до веродостоен, но и брз и поефтин тест што би го открил антигенот, карактеристичен за инфекцијата, беа развиени тестови кои што се поедноставни и се прават брзо, познати како РАТ тестови, кои што луѓето може да ги однесат дома и да се самотестираат со цел да проверат дали имаат ковид-19.
Австралиските држави се повеќе ги поттикнуваат лицата со симптоми на ковид-19, како и оние кои биле во контакт со лице кое имало симптоми или било болно од ковид, да се самотестираат со помош на РАТ дома, а доколку тестот покаже позитивен резултат, истиот да го пријават кај надлежните здравствени служби.Ова е многу попрактично отколку луѓето да одат во државните клиники за да направат ПЦР тест, освен ако тоа се побара од нив.
Следете ги кусите упатства за употреба на брзиот тест на антиген.
Постапка 1- Земете примерок

Постапка 2 - Извадете го примерокот

Постапка 3 - Тестирање на примерокот

Постапка 4 - Прочитајте го резултатот

Ако резултатот од вашиот тест е позитивен на ковид-19, повеќето држави и територии сега наложуваат тој резултат да го пријавите во министерството за здравство во вашата јурисдикција.
За да дознаете кои рестрикции се на сила во текот на пандемијата на ковид-19, на вашиот јазик, притиснете на овој линк.
Формулари за регистрација на резултатите од РАТ тестовите во државите и териториите
Изолација и рестрикции во државите и териториите:
Find out what you can and can't do in your state or territory
Патувања
Information for international travellers and Covid-19 and travel information in language
Финансиска помош
Се воведуваат промени за финансиската помош COVID-19 Disaster Payment кога државите ќе достигнат ниво од 70% и 80% потполно вакцинирани граѓани: Getting help during Covid-19 from Services Australia in language
- Вести и информации на над 60 јазици на: sbs.com.au/coronavirus
- Релевантни упатства за вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
- Информации за COVID-19 vaccine in your language.
