Антони Албанезе прогласи победа на сојузните избори во 2025 година, а лабуристите се подготвени да владеат втор мандат со поголемо мнозинство.
Албанезе им рече на поддржувачите во Сиднеј дека функцијата премиер била најголемата чест во неговиот живот.
„Со длабоко чувство на понизност и длабоко чувство на одговорност, првото нешто што го правам вечерва е да им кажам „благодарам“ на луѓето од Австралија за можноста да продолжам да ѝ служам на најдобрата нација на земјата“, рече Албанезе.
„Денес, австралискиот народ гласаше за австралиските вредности: за праведност, аспирации и можности за сите."
„Австралијците гласаа за иднина што се заснова на овие вредности, иднина изградена врз сè што нè зближува.“
Лабуристите ќе владеат самостојно со зголемен број на пратеници во парламентот по промените во владата низ неколку држави.
Меѓу придобивките за лабуристите беше и местото на лидерот на опозицијата Питер Датон во Диксон, Квинсленд.
Датон загуби од лабуристката Али Френс, што е првпат лидер на опозицијата да го изгуби своето место на сојузни избори.

Australian Liberal Party leader Peter Dutton, third left, stands with his family as he makes his concession speech following the general election in Brisbane. Source: AP / Pat Hoelscher/AP
„Не се справивме доволно добро за време на оваа кампања, тоа е очигледно вечерва“, рече Датон.
„Отсекогаш сум сакал во јавниот живот за најдоброто за нашата земја и најдоброто за секој Австралиец.
„Ова е историски настан за Лабуристичката партија и ние го признаваме тоа.“
Меѓу политиките што ги објави Албанезе беше и политиката да им се дозволи на сите купувачи кои за прв пат купуваат дом, да влезат на пазарот со 5% депозит, како и ветување дека ќе потроши 10 милијарди долари за изградба до 100.000 нови домови.
Тој, исто така, вети 8,5 милијарди долари за дополнителни 18 милиони субвенционирани посети на матичен лекар секоја година, како дел од зајакнувањето на Медикер.
Лабуристичката партија, исто така, вети 2,3 милијарди долари за субвенционирање на батерии за домаќинствата за складирање на сончева енергија, а воедно ветуваше и сузбивање на прекумерното зголемување на цените од страна на супермаркетите.
За повеќе прилози, интервјуа и информации од СБС на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
For more stories, interviews, and news from SBS Macedonian, explore our podcast collection here: