Австралиската турнеја на македонскиот пијанист од светски глас, Симон Трпчески, започнува вечерва, сабота, 18 ноември, во Хобарт, Тасманија. Трпчески ќе настапи со Тасманскиот симфониски оркестар (Tasmanian Symphony Orchestra), во Федералната концертна сала (Federation Concert Hall), изведувајќи go Концертот за пијано број 2, од Јохан Брамс, под дирегентската палка на Едвин Одланд.
Идеален изведувач на ова монументално дело е македонскиот солист Трпчески, кој повторно се враќа во Тасманија, по неговото триумфално деби со Тасманскиот симфониски оркестар, во 2018 годинаТасмански симфониски оркестар
На 21 ноември, Трпчески ќе одржи рецитал во Elder Hall North Terrace во Аделаида, а турнејата во Австралија ќе ја заокружи со два концерта на 24 и 25 ноември, со Западно-австралискиот симфониски оркестар (West Australian Symphony Orchestra) во Перт, каде под диригентство на Ашер Фиш, ќе го изведе Концертот за пијано број 1, од Брамс.

Австралиската турнеја е промоција на неодамна објавениот двоен албум, на виртуозниот Симон Трпчески, заедно со романскиот диригент Кристијан Мачелару и Симфонискиот оркестар на Западногерманското радио од Келн, Германија, на кој ги изведуваат двата монументални концерта од Брамс.
Зад албумот стои престижната британска куќа „Лин рекордс“, а Лондонски „Тајмс“ даде пет ѕвездички за новото издание на Трпчески, пишувајќи со воодушевување „со него класиката е блескаво освежена“.
Симон Трпчески може најпоетично да ги гали клавишитеЛондонски "Тајмс"
„Оваа снимка на концертите за пијано на Брамс е едноставно божествена. Мачелару и Трпчески имаат извонредна историја на соработка и ако ја слушате текстурата на овој прекрасен Брамс, тоа значи дека пијаното и оркестарот се како едно. Балансот е сосема совршен“, рече водителот Александер Армстронг.

По Австралија, Трпчески ќе се упати кон Велика Британика, каде на 7 декември ќе настапи со Лондонскиот симфониски оркестар (London Symphony Orchestra).
